Фреја Лили и Еленор се природно зачната идентична тројка која целосно ги воодушеви лекарите и ги надмина сите очекувања. Овие сестри се родиени пред време. Па 7 седмици морале да поминат во болница, а сега се здрави и дома кај родителите Џесика и Лијам. Шансите да се добие тројка по природен пат е 1 наспроти 4.000 случаи, а во еден од шест случаи може да бидат сите три идентични.
Докторите ја предупредиле Џесика дека има големи шанси да ги изгуби бебињата и дека ќе се родат болни со срцево заболување и со други здравствени проблеми. Но, бебињата сега се одлични.
„Се шокиравме кога дознавме дека носам тројка. Во почетокот ултразвукот покажуваше дека не е се во ред, и лекарите ми рекоа да абортирам. Бевме под неверојатен стрес но продолживме понатаму. Не знаев ни дека ќе ги родам толку рано. Но, тие три докажаа дека се моите три чуда“ вели мајката.
Џесика и Лијам се запознале кога имале 15 години а 10 години подоцна добиле тројка.
„Може да биде напорно на пример кога ги храниме или кога плачат 🙂 Но, добрата страна е што уживаме со нив без разлика на се“- вели таткото.
Шансите да се добие тројка по природен пат е 1 наспроти 4.000 случаи, а во еден од шест случаи може да бидат сите три идентични.
Докт



