ЛЕКАРИТЕ ИМ СОВЕТУВАЛЕ АБОРТУС, но тие не се согласиле: Фотографијата од нивното бебе го обиколи светот

Докторите на родителите им советувале абортус, но тие не се согласиле! И сета среќа што не се согласиле. Ова е приказна за малиот Џет Морис. Погледнете го денес…Парот кој тврди дека докторите вршеле притисок над нив, мајката да направи абортус бидејќи нивниот син нема да го преживее породувањето, сега го слават првиот роденден на својот мал син и докажаа дека најдобрата работа што можеле да ја направат е да не ги послушаат лекарите, пишува Мирор.
Малиот Џет Морис преживеал пет недели во матката на својата мајка откако и пукнал водењакот во дваесетата недела од бременоста. Значи се родил во 25-тата недела и имал се на се 450 грама.
Родителите на Џет, Мари и Пол тврдат дека сигурно не би го славеле првиот роденден на синот, ако попуштеле на притисоците од докторите дека Мари мора да абортира.
Мари била упорна во одбивањето да абортира и цврсто верувала дека нејзиното бебе е здраво.
„Тие на него не гледаа како на дете и цело време го нарекуваа невитален фетус. Бев во рана бременост, а никој од лекарите не дојде да ми каже кои се можности ги имам. Сепак имав налози од скенерот од 20-тата недела кои беа одлични и покажуваа дека ќе добијам момче. Затоа ми беше многу тешко да ги прифатам нивните барања за абортус. Лекарите ме убедуваа дека ништо друго не може да се направи“.

Како што вели Маре, таа разбира дека лекарите морале да и го претстават најлошото можно сценарио и да бидат потполно искрени во врска со нејзината ситуација.
„Но докторите ни во еден момент не сакаа да му дадат шанса на Џет“
Ни малку не им се допаднала реакцијата на лекарите кога им ја соопштиле својата одлука, дека по ниедна цена нема да оди на абортус.
„Докторот погледна во својот часовник, преврте со очите и ме погледна така што ми создаде чувство да помислам дека залудно го трошам неговото време. Затоа само се завртев кон Пол и му реков дека мораме да излеземе веднаш од зградата“.

 

На Мери имала прерано пукање на ѕидовите на мембраната, поради што водењакот пукнал пред време. Потоа и е дијагностицирано одвојување на постелицата која често доведува до крварење и постои голема можност за појава на инфекции. И рекоа дека најверојатно до породување ќе дојде во наредните 48 часа и дека бебето сигурно ќе умре. Сепак кога поминаа два дена ништо не се случи и таа слободно можела да си оди дома.
После 12 дена одмор дома, почнало крварењето поради што итно била префрлена во болница. Локалната болница била опремена да се грижи за бебиња родени после 28-ма недела поради што Мари и Пол морале да патуваат 130 километри до најблиската болница која ќе ги прими.
Докторите веднаш ги предупредиле дека нивниот син може да има оштетување на мозокот доколку воопшто преживее, белите дробови не биле развиени и најреална можност е дека ќе почине веднаш.

Но Џет сите нивни тврдења ги побил. Кога се родил на 6. Декември 2013 како и секое друго бебе клоцало со ноџињата, па дури и заплакал пред да биде итно префрлен во инкубатор.
Џет имал 2 мали дупки на срцето и колку и тоа да изгледа и звучи страшно, лекарите веруваат дека тие никогаш нема да создаваат проблеми. Се до мај бил со маска за кислород.
„Ние сме среќни што се излезе добро, но една работа многу ме загрижува. Се плашам дека другите мајки кои би се нашле во ваква ситуација би се согласиле на абортус иако нивните бебиња би можеле да преживеат. Лекарите кај мене предизвикаа сомнеж и постојано гледав дали нешто ќе му се случи, дали ќе се разболи, но секогаш беше се во ред“.Парот кој тврди дека докторите вршеле притисок над нив, мајката да направи абортус бидејќи нивниот син нема да го преживее породувањето, сега го сл

Пронајдете не на следниве мрежи: