Момчето на кое лекарите му давале само три минути живот, чудесно оздравело и наскоро ќе го прослави својот втор роденден.Лекарите ги прашале родителите на Алфи Хилман дали сакаат да се абортира бебето, бидејќи уште во утробата му било дијагностицирано смртоносно генетско нарушување.
Но, скоро две години подоцна, Алфи е среќно и здраво дете кое им пркоси на дадените шанси за живот.
Мајката Шерон Свејлс (45) од Њутаун во Пауси, рекла дека таа и нејзиниот сопруг не знаеле како ќе изгледа Алфи кога ќе се роди, но дека сакале да ризикуваат.
„Изгледа дека сепак се случуваат чуда“, рекла таа.
На нејзе и на нејзиниот сопруг Шејн Хилман (44), лекарите во 27-та недела од бременоста им рекле дека нивното бебе има генетско нарушување кое се вика мозаична трисомија 18, попозната како Едвардсов синдром. Последица е прекумерен број на хромозоми, што предизвикува бројни физички и психички пречки, а предизвикува и смрт.
На родителите им било кажано дека Алфи по породувањето ќе живее само неколку минути, па им било предложено да абортираат. Меѓутоа, тие сметале дека бебето заслужува шанса за живот.
Алфи се роди во Кардиф со царски рез во мај 2013 година, тежел нешто повеќе од два килограми, а родителите почувствувале олеснување кога за прв пат го слушнале како плаче. Алфи минал повеќе од три месеци во болница, а седум месеци подоцна бил пуштен дома и примал кислород.
Иако му е пронајдено и мало дупче на срцето, лекарите сега сметаат дека тоа само од себе ќе се затвори. Во март годинава, Алфи почна да оди и е многу живо дете кои сака да си игра со својата хармоника и тапани. Малку е помал од врсниците во однос на развојот и редовно оди на контроли. Но, неговите родители се пресреќни.
„На бебињата родени со овој синдром им даваат најмногу неколку недели живот. Меѓутоа, Алфи нам ни подари многу радост во животот. Сакаме да ја кренеме свеста на луѓето за оваа болест и да им кажеме дека и во ваквите случаи има надеж“, велат Шерон и Шејн.Лекарите ги прашале родителите на Алфи Хилман дали сакаат да се абортира бебето, бидејќи уште во утробата му било дијагностицирано смртоносно генет



