Лекарите му предвидувале дека ќе живее уште само 6 МЕСЕЦИ: „Поминаа 9 години и јас сум жив благодарение на…“

Еден маж, на коj лекарите му прогнозирале дека ќе живее уште шест месеци, реши да ги искористи заштедените пари и одлучи да патува по светот заедно со својата сопруга. Тој сѐ уште е жив по девет години.Брајан Болдвин (65), бил изненаден откако лекарите во 2006 година му рекле дека има рак на бубрезите во краен стадиум. Тогаш му прогнозирале дека ќе живее уште само шест месеци.
По примената вест, Брајан донел одлука да ги искористи заштедените пари и да ги потроши на луксузен живот со сопругата Сузан (53).
Неверојатно, но девет години подоцна, Брајан е сѐ уште жив. Тој и неговата сопруга потрошиле 40.000 фунти (околу 50.000 евра) патувајќи во Сан Франциско, Мексико, Тунис, Барбадос, Египет, Лас Вегас, Шпанија и Турција.
„Кога ја слушнав дијагнозата, сфатив дека добив шанса за нешто друго. Не паднав во депресија. Всушност, пронајдов причина да излезам и да уживам во сето она што сакав со години да го направам. Порано имав голема желба да патувам, но не можев поради работата. На некој начин, дијагнозата беше благослов за мене. Штом ги слушнав вестите, ги искористив заштедените пари и не постоеше време за негативни мисли. Се чувствувам одлично и се обидувам да бидам позитивен цело време“ – вели тој.
Брајан тврди дека неговиот животен век е продолжен благодарение на лекот Nexavar, поддршката од семејството и силната волја.
„Ова е редок случај во мојата кариера“ – изјавил неговиот онколог Емилио Перфити.
На Брајан му бил дијагностициран рак на бубрезите во 2006 година. Прогнозата не била добра, бидејќи карциномот се проширил и на белите дробови. Но, тогаш Брајан почнал да го користи овој лек и болеста дошла во ремисија.Брајан Болдвин (65), бил изненаден откако лекарите во 2006 година му рекле дека има рак на бубрезите во краен стадиум. Тогаш му прогнозирале дека ќ

Пронајдете не на следниве мрежи: