Лекарите предупредуваат: Еболата излегува надвор од контрола!

Ситуацијата е итна и потребно е ангажирањето на политичарите. Во спротивно, вирусот ќе продолжи да се шири и ќе се појави во другите земји, предупредуваат Лекарите без граници.Организацијата Лекари без граници, предупреди дека вирусот на еболата кој веќе неколку месеци е распространет низ западна Африка, целосно излезе надвор од контрола! Еболата предизвика повеќе смртни случаи од било која друга болест на ова подрачје, а досега однесе повеќе од 330 животи.
Барт Џенсенс, кој е еден од челниците на организацијата Лекари без граници, изјави дека се појави втор бран од епидемијата.
„Според нашето мислење, ситуацијата е излезена од контрола. Работата е итна и за нејзиното решавање потребна е ангажираноста на политичарите. Во спротивно, вирусот ќе продолжи да се шири и ќе тргне кон другите земји“, предупреди Џенсенс.
Вирусот на еболата предизвикува внатрешно крварење и пропаѓање на органите, а се шири преку директен контакт со заразената личност. Не постои лек, ниту вакцина, така што за сега се врши само изолација на заболените со цел да се спречи понатамошно ширење.
Според податоците на Светската здравствена организација, претходниот најголеми забележан смртен исход од овој вирус бил во Конго во 1976 година, кога починале 280 лица.Организацијата Лекари без граници, предупреди дека вирусот на еболата кој веќе неколку месеци е распространет низ западна Африка, целосно излезе на

Пронајдете не на следниве мрежи: