ЛЕКАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Она што може да ве убие се наоѓа ВО ВАШИОТ ДОМ!

Загаденоста на воздухот во внатрешноста на домот доведува до ризик од развој на болести на срцето, рак и дишни проблеми, предупредуваат стручњаците.Научниците предупредуваат дека домашните работи како миење и готвење покрај циркулацијата на токсични материи го зголемуваат и ризикот од кардиоваскуларни болести како рак на белите дробови и астма.
Циркулирањето на воздухот во себе содржи повеќе од 900 хемикалии, честички и биолошки материјали кои се потенцијална опасност по здравјето.
Кашлањето, солзењето на очите, вртоглавицата, кивањето , заморот и главоболката можат да бидат од лошиот квалитет на воздух, додека со тешки симптоми се сметаат иритацијата на очите, осипот болка во мускулите, респираторни проблеми, астма, грозница, крварење од носот и болести на белите дробови.
Инаку загадувањето на воздухот се смета за водечка причина за болестите во Европа. Стручњацитеги предупредуваат луѓето во своите домови да обезбедат вистинска вентилација и така да го сочуваат своето здравје.

Професор Питер Хауарт, специјалист за алергија и болести на белите дробови на Универзитетот Southempton, ги повикува луѓето да ја подигнат свеста за она што веќе се нарекува „Синдром на отровни куќни испарувања“ а кој се јавува кога поединци или семејството се изложени на силна мешавина на супстанции од воздухот во внатрешноста на куќата.
Совет
-Редовно проветрувајте го домот
-Завесите од туш кабината менувајте ги почесто
-При користење на силни хемикалии отворете ги прозорите
-Редовно чистете ја прашината
-Обезбедете адекватна вентилација
-Никогаш не ги оставајте електричните уреди во струја доколку не ги користите
-Ако е можно, облеката сушете ја надвор. Ако не, прозорите нека ви бидат отворени додека облеката се суши.Научниците предупредуваат дека домашните работи како миење и готвење покрај циркулацијата на токсични материи го зголемуваат и ризикот од кардиовас

Пронајдете не на следниве мрежи: