Лекарите тврделе дека со бебето сѐ е во ред, но мајката знаела дека НЕШТО НЕ ЧИНИ!

Инфантилната спазма се јавува кај децата до година дена старост. Педијатрите ги предупредуваат родителите дека спазмите се многу опасни ако не се откријат на време. Движењата на телото се многу суптилни, но повторувачки. Лесното кимнување со глава, виткање во половината, пружањето раце и нозе кон „надвор“. Спазмата се повторува.„Голем дел од мајките веднаш препознаваат дека нешто не е во ред. Доколку не ги забележите на време, можат да предизвикаат трајни оштетувања на мозокот“ – предупредува невропедијатарот Џејмс В. Вилес.
Кога имал само 9 месеци, синот на Дејниел добил спазма.
Почнал да уназадува во напредокот, па ги заборавил зборовите како што се „мама“ и „тато“. Притоа, почнал да кимнува со главата на многу необичен начин. Педијатарот сметал дека тоа е последица од растот на забите, кои баш во тој период почнале да никнуваат.
Меѓутоа, мајката му поверувала на својот инстинкт и го однела синот во итна помош.
Во болницата била поставена јасна дијагноза. Нејзиниот син страдал од инфантилни спазми.
На родителите кои се сомневаат дека нешто не е во ред со нивното дете, д-р Вилес им советува да го снимат неговото или нејзиното однесување и тоа да му го покажат на педијатарот. Освен тоа и преку ЕЕГ може да се утврди дали станува збор за инфантилна спазма.
Инфантилните спазми, познати и како синдромот Вест, го добиле името по д-р Вилијам Џејмс Вест, кој прв ги објаснил деталите врзани за ова заболување во 1841 година во медицински текст – ретко нарушување кое обично се јавува кај епилептичните деца на старост помеѓу 3 и 7 месеци.
Симптомите на ИС вклучуваат грчеви во екстремитетите и трупот (продолжување или стврднување на рацете, нозете, вратот или трупот).„Голем дел од мајките веднаш препознаваат дека нешто не е во ред. Доколку не ги забележите на време, можат да предизвикаат трајни оштетувања

Пронајдете не на следниве мрежи: