Нема маснотии, освежува и полна е со витамини – три добри причина да јадете диња ова лето кога и да можете. Но, за целосно да уживате во слаткото овошје, поведете сметка при купувањето и земете ги само оние кои се доста зрели.Во пирамидата на исхраната дињата е во истата линија како и останатото овошје, што значи дека се препорачува 2 до 4 порции во текот на денот. Дињата е омилена поради својата енергетска вредност – само 34 калории на 100 грама свежа храна. Во 100 гр свежа диња се наоѓа 91 грам вода, 0.1 гр масти 0,8 грама белковини, 7,9 грама јаглени хидрати, 8 грама шеќер и 0,9 грама влакна.
Дињата е богата со витамин Ц,а одредени видови на дињи, како и ананас дињи, имаат високо ниво на витамин А. Освен овие витамини,дињата содржи и други витамини и минерали, иако во мали количини: тиамин, ниацин, витамин Б6, фолна киселина, пантотенска киселина, железо , магнезиум, бакар, калиум, манган, фосфор.
Како делува на организмот
Витаминот Ц ја намалува појавата на рак на устата, грлото, градите, панкреасот, и ракот на желудник. Во народната медицина се користи за освежување и ментално смирување, помага при воспаление на жолчката и уринарниот тракт, исто така кај убоди и изгореници. Дињите посебно се препорачуваат за луѓе со висок крвен притисок.
Влакната од диња го олеснуваат варењето на храната и помагаат да се намали телесната тежина и абдоминална подуеност.
Купување и складирање
Правата сезона на дињата започнува во јуни и завршува во август.
При купувањето на дињите, добро погледнете го стеблото, затоа што врз основа на тоа ќе знаете дали дињата е набрана додека се уште била зелена, ако околу рачката произлегуваат капки вода, тоа е сигурен знак дека дињата е набрана премногу рано.
Избегнувајте дињи кои имаат меки делови, темни дамки или недостатоци.
Чувајте го ова овошје два или три дена на собна температура за целосно да созрее, а потоа можете да го чувате во фрижидер за пет дена. Сечена диња во фрижидер се чува до три дена во затворен сад бидејќи мирисот може да се префрли на другите јадења кои ги чувате во фрижидерот. Во пирамидата на исхраната дињата е во истата линија како и останатото овошје, што значи дека се препорачува 2 до 4 порции во текот на денот. Дињат



