Лековитите чаеви на доктор Оз: Напитоци за виткост, посилно либидо и подобар сон

Чаевите улонг, јерба мејт и белиот чај ја поттикнуваат работата на метаболизмот и го спречуваат создавањето на масни наслаги. Црниот чај го одржува здивот да биде свеж, а главоболките се лечат со чај од ѓумбир.Доколку сакате да ослабнете, испробајте го улонг чајот бидејќи ја поттикнува работата на метаболизмот и го намалува создавањето на масните наслаги, па не зачудува фактот што го нарекуваат „ароматичен непријател на маснотиите“, кажува доктор Оз.
Овој чај се наоѓа на границата помеѓу зелениот и црниот чај. Содржи кофеин кој го поттикнува организмот да ги користи маснотиите за енергија, а богат е и со полифеноли кои ги спречуваат маснотиите да се претвораат во масни наслаги. Бројните истражувања покажуваат дека овој чај помага и при губењето на салото кај стомакот, како и при одржувањето на тенката половина. Доволни се две лажички за пиење преку ден, но не претерувајте со шеќерот бидејќи ќе го уништите ефектот, предупредува доктор Оз и додава дека овој чај е најдобар за пиење за време на оброкот.

 
Улонг чајот е добар и за јакнење на имунитетот, го намалува нивото на холестерол, помага во борбата против ракот и ја одржува менталната рамнотежа. За поттикнување на метаболизмот и за дополнителна енергија, може да се пие и јерба мејт чајот. Тој содржи двапати повеќе оксиданси од зелениот чај, а богат е со кофеин и витамини. Особено е ефикасен во борбата против „празните калории“, бидејќи го контролира апетитот.
Тој нема да ве „спушти“ како кафето, туку ќе ви даде три до четири часа на стабилна и чиста енергија. Тој го снижува и нивото на лошиот холестерол. Изразито е лековит и белиот чај затоа што потекнува од истата билка како и зелениот чај, но помалку се обработува, па затоа содржи повеќе лековити состојки. Антиоксидансот EGCG го спречува создавањето на нови мрсни клетки, па им се препорачува на сите што сакаат да ослабнат. Но, се бори и против знаците на стареење, посебно против брчките. Одличен е и за имунитетот, а им помага и на личностите кои имаат висок крвен притисок. Пијте две лажички бел чај на ден и тоа врел, бидејќи тогаш е најефикасен – кажува Оз.

 
Доколку сакате да имате свеж здив, пијте го црниот чај затоа што е богат со полифеноли кои го спречуваат таложењето на забниот плак. Овие антиоксиданси исто така го спречуваат порастот на бактериите во устата, па така го намалуваат можното создавање на лош здив. Позната е и неговата помош при слабеењето. Го забрзува метаболизмот, ги исфрла токсините од телото, а го спречува настанокот на масните наслаги на стомакот. Пектинот од црниот чај ги топи масните наслаги, а за да биде најефикасен, најдобро е да се пие 15-20 минути пред јадењето – советува доктор Оз.
Следниот пат кога ќе ве фати мигрена или главоболка, испијте една чаша чај од ѓумбир. Освен што ги забрзува воспалените процеси во телото, овој чај го регулира апетитот, го поттикнува варењето и ја намалува надуеноста. Одамна се знае дека е одличен за ублажување на мачнината и ја подобрува циркулацијата, ги ублажува менструалните тегоби и симптомите на артритисот. Подгответе го чајот така што ќе го исечете коренот од ѓумбирот и ќе го ставите да стои во зовриена вода до 15 минути, а тогаш оставете го да стои уште толку. Избегнувајте ја употребата на шеќерот, предупредува доктор Оз.

 
За појако либидо
Чајот од гинсенг ја зајакнува сексуалната желба и помага во борбата со еректилната дисфункција.
Против депресија
Чајот од сладок корен содржи супстанци кои се со антидепресивно дејство.
Ублажување на алергиите
Чајот од коприва го ублажува кашлањето, чешањето на очите и секретот од носот кај пелудната треска.
За добро варење
Чајот од мента е добар за варењето и ги ублажува грчевите и надуеноста.
Зелениот чај е одличен за целокупното здравје на организмот
Зелениот чај е богат со антиоксидансот EGCG, кој го поттикнува чувството на ситост и има антиканцерогени својства. Тој е богат со полифеноли кои го одржуваат здравјето на мозочните клетки, а истражувањата покажаа дека може да помогне и во спречувањето, но и појавата на деменција. Тој благотворно влијае на кожата и им се препорачува на личностите кои имаат проблеми со тенот. Зелениот чај е одлична замена за кафето бидејќи делува стимулирачки, а најдобро е да се пие наутро, во текот на денот и попладне, но не предоцна – препорачува славниот доктор.
Чајот на Оз од банана за лесен сон и нова доза на енергија
Валеријаната делува како седатив и помага при несоницата, а чајот е најдобро да се испие неколку часа пред спиење за да се опушти телото. Валеријаната помага и кај надразнетиот желудник и проблемите со цревата. За полесно опуштање и помирен сон, помага чајот од морското оревче. Но, испијте само една чаша чај бидејќи зголемената консумација може да предизвика халуцинации. Доктор Оз пред спиење консумира чај од банана. Исечете го врвот и крајот од бананата и заедно со кората оставете ја да се вари во вода, околу 10 минути. Зачинете ја со цимет и ќе видите дека наутро ќе се разбудите одморени и свежи.Доколку сакате да ослабнете, испробајте го улонг чајот бидејќи ја поттикнува работата на метаболизмот и го намалува создавањето на масните наслаги,

Пронајдете не на следниве мрежи: