„Душо моја мала, врати ѝ се на баба! Зошто си отиде така рано, зошто го направи тоа, дете мое!?“, кукаше на сиот глас на ковчегот на својата внука, бабата по мајка на малечката Маријана Г. (15) од селото Злот кај Бор, која во четвртокот се обеси во дворот на својата куќа.Несреќното девојче е погребано вчера на селските гробишта, а од неа покрај семејството и роднините се простија и голем број мештани од селото, како и другарите и наставниците од средното техничко училиште во Бор, каде таа одела.
Погребната поворка од неколку стотици луѓе тргнаа од семејната куќа, а зад ковчегот одеше мајката на Маријана (31), братот (11), таткото (41), дедото (62), бабата по мајка, маќеата и останатите.
– Дадо моја, разбуди се, дадо – низ солзи 11-годишното дете ја довикуваше својата сестра.
Тажната долга поворка, бавно се движеше низ центарот на ова влашко село кон гробиштата. Од ковчегот не се одвојуваа нејзиниот брат, мајка и баба.
-Нив како да ги следи некое проклетство. Во семејството секогаш жените први им умираа, иако ниту една не си кренала рака на себе – вели жителка на Злот.
Неутешна е мајката на Маријана, која пред 3 години, по разводот од сопругот се отселила во Белград и вели дека не знае зошто и се самоубила ќерката.Несреќното девојче е погребано вчера на селските гробишта, а од неа покрај семејството и роднините се простија и голем број мештани од селото, како