Кинескиот гигант Lenovo напорно работи на пробивањето на пазарот за мобилни телефони и крадење на дел од „колачот“ на Apple, Samsung, LG и HTC. Компанијата се подготвува да претстави уште еден телефон, кој поседува навистина интересен дизајн…Се очекува Lenovo да го презентира новиот Vibe X2 на IFA 2014 настанот во Берлин за само неколку дена, но во меѓувреме беа објавени неколку фотографии на кинескиот микро-блогинг сајт Weibo.
Она што е интересно и уникатно за овој модел е дека поседува дизајн во слоеви, односно како што може да забележите и на фотографиите – постојат вкупно 4 различни слоја од кои е составен телефонот. Телефонот е изработен од метал, така што нестрпливо очекуваме да видиме како изгледа овој дизајн во живо и дали нуди некои други предности.
Повеќе на GSM.mkСе очекува Lenovo да го презентира новиот Vibe X2 на IFA 2014 настанот во Берлин за само неколку дена, но во меѓувреме беа објавени неколку фотогра