Леонардо Ди Каприо: „Бев сиромашен, растев во кварт со дилери“

Холивудскиот актер открил дека никогаш во животот не земал дрога, бидејќи одраснал опкружен со опојки и проституција. Денес е еден од најшармантните холивудски актери, но детството на Леонардо Ди Каприо (39) не било воопшто лесно.
Актерот во интервју за Лос Анџелес Тајмс открил дека бил мошне сиромашно дете кое одраснало во опасен кварт во Лос Анџелес преполн со дрога, криминал и проституција.
„Бев сиромашно дете. Никогаш не сум зел дрога бидејќи секој ден, во текот на растењето бев загрозен од она што се случува околу мене“ – рекол актерот.

Откако соучениците го малтретирале во училиште, ја молел мајка му да го запише на часови по глума.  
„Кога имав 15 години и реков на мајка ми дека сакам да бидам актер и барав од неа да ме одведе на аудиција“ – рекол Лео, кому конечно му се „смешка“ првиот Оскар за главната улога во филмот „Волкот од Волстрит“ во кој го глумеше денес средновечниот Јордан Белфорт, кој бил зависен од дрога, алкохол и секс и потоа осуден заради берзовно местење. Денес е еден од најшармантните холивудски актери, но детството на Леонардо Ди Каприо (39) не било воопшто лесно.
Актерот во интервју за Лос

Пронајдете не на следниве мрежи: