Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Бразилецот Леонардо, по извлекувањето на четвртфиналните двојки во Лигата на шампиони, во Нион, беше во центарот на вниманието на новинарските екипи.
Имено, тој во живо за каналот „Sky Italia“ ја коментирал жрепката, потенцирајќи дека не е премногу среќен што ПСЖ ја добил Барселона за противник. Потоа Леонардо побарал од новинарот и тој да постави прашање, па откако добил дозвола „во живо“, ја побарал за жена својата девојка Ана Било, инаку водителка на „Sky Italia“. Водителката, збунето и срамежливо ја прифатила понудата со најава дека дополнително ќе се разберат дома.
Макфакс
Спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Бразилецот Леонардо, по извлекувањето на четвртфинални