Леонид Јанков Војводата со Лавовско Срце

Леонид Јанков роден во  с. Мачуково, Гевгелиско загинува  10.III.1878 г. –Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско 31.VIII.1905г.) – македонски револуционер, еден од плејадата македонски борци кој пожртвувано го посвети и даде својот живот за македонското национално ослободително дело. Леонид Јанков роден во  с. Мачуково, Гевгелиско загинува  10.III.1878 г. –Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско 31.VIII.1905г.) – македонски револуционер, еден од плејадата македонски борци кој пожртвувано го посвети и даде својот живот за македонското национално ослободително дело. 
Во втората половина на 19. век, во селото Мачуково одалечено само 4 км од Гевгелија на 10 март 1878 година бил роден Леонид Јанков. Селото Мачуково кое било многу развиено, со сите карактеристики за поголемите населби. како и половина Гевгелија биле дел од чифлик, кој бил во сопственост на жена позната како Анамката, позната по својата суровост. 
Таткото Трајко и мајка Ката, го школуваат својот син Леонид, кој спознавјќи ја османлиската бруталност, како и под влијание на учителите кои агитирале против турската власт, многу бргу осознал дека само со оружена борба може македонскиот народ да се ослободи од многувековното турско роство. Движејќи се со својот татко, а понекогаш правејќи му и услуги, Леонид уште како млад, се запознал со идеите и целите на Македонската револуционерна организацијата. Набрзо тој се придружува кон Организацијата и станува раководител на селскиот револуционерен комитет во с. Мачуково. Истовремено на почетокот на XX век тој е еден од падарите-заштитници на македонското население и имоти.
Од април 1900 година Христо Чернопеев е самостоен војвода на чета во Кукушко, чија цел е создавање селски комитети и воена обука на населението. Во четата на Чернопеев поминуваат Михаил Герџиков, Сава Михајлов, Крсто Асенов, Александар Китанов, Петар Китанов, Мирче Икономов, Никола Дечев и други идни истакнатите дејци на ВМОРО. На 4февруари 1901 година четата на Чернопеев е опколена во селото Бајалци од 500 турски војници и води голема 14-часовна борбам во која загинува и Мицо Делчев (братот на Гоце Делчев). Додека народот се гордеел со храброста која ја покажале нејзините синови, дотогаш османлиите биле изненадени од отпорот на востаниците.
После битката турската власт презела големи репресивни мерки. Поткажани од лица алчни за пари и непријателите на македонскиот народ, биле затворени многу селани, а меѓу нив бил и Леонид Јанков. Околу 2000 лица биле затворени и изложени на најсурово испрашување, малтретирање и тепање. Од нив 444 лица биле осудени на робија од една до сто години. Бидејќи иследните органи не можеле да докажат некоја револуционерна активност, повеќето биле пуштени по шест месеци.
Откако Леонид бил пуштен од затвор, знаеќи дека работи за организацијата, бил постојано следен од турската власт. Дознавајќи преку својот турски пријател Емишин, кој го издава во уќуматот, Леонид ќе го ликвидира шпионот Ристо Дојчинов, и ќе се приклучи на четата на Аргир Манасиев. Бил одреден за десетар а во 1902. година за околиски војвода во Гевгелија. Оваа чета ги заштитувала македонското население, се борела против грчката пропаганда, ликвидирала нејзини претставници, а потоа се борела и против бугарскиот врховизам и пропаганда.
 За време на Илинденското востание во 1903. Година, Леонид учествувал во изведувањето на повеќе диверзантски акции против турската војска. По неуспешното завршување на Илинденското востание, во октомври 1903. година и по престанувањето на борбените активности, Леонид со четата на А. Манасиев се префрлил во Бугарија.
Леонид заедно со Томе Донев и Миле Таушанов, се враќа во 1904 година во гевгелискиот крај, каде на подрачјето на Богданци развиваат голема активност. Неговата активност внимателно ја следи турската власт. Откако дешифрирале едно писмо кое било упатено од градското раководство до Леонид, турската војска го опколила просторот околу селото Ѓавато. Леонид со своите востаници бил засолнат во големите капини во месноста Ѓуров Дол. Се развила нерамноправна битка, во која Леонид со итрина успеал да убие многу непријатели но кога му останале само уште два куршума, со едниот го убил јусбашијата а со последниот сам се убил, не дозволувајќи жив да падне во рацете на Турците.
Тој ден сите камбани во градот биеле и целиот град татнел од нивниот звук. Повеќе од 3000 души од градот и околните села биле собрани на неговиот закоп, кој се извршил во дворот на гробиштата на црквата Свети Спас, во северната страна.
 За јуначки дела Леонид Јанков, за неговата бестрашност и итрина, народот во гевгелиско испеал повеќе песни од која најпознатата е „Трба, Трби Гевгелија“.
Леонид Јанков роден во  с. Мачуково, Гевгелиско загинува  10.III.1878 г. –Ѓуров Дол, кај с.Ѓавато, Гевгелиско 31.VIII.1905г.)

Пронајдете не на следниве мрежи: