Во Република Македонија сведоци сме дека изминативе месеци случувањата со отпадите и горењата на депониите во Струга и Тетово станува секојдневие. Јас навистина како човек што работеше во Министерството за животна средина и претседател на комисијата за животна средина сметам дека ова прашање станува врвен приоритет и секоја Влада мора во програмите да ја го стави справувањето со еколошките проблеми бидејќи навистина граѓаните тоа го чувствуваат и реагираат, вели Соња Лепиткова на денешната Панел дискусија: „ПОДОБРИ И РАЗЛИЧНИ: Локалната власт – еколошка катастрофа за Тетово“.-Проблемот со отпадот во полошкиот регион години наназад претставува горливо прашање и можам да посочам дека како главни виновници за ваквата состојба со отпадот се градоначалниците и комуналните претпријатија кои што останаа глуви сиве овие години наназад и никако да најдеа начин да се справат со отпадот. Иако претходно ние како Влада направивме неколку физибилити студии и распишавме тендери, за жал градоначалничката на Тетово немаше слух за решавање на овој проблем, а исто така и директорот на јавното претпријатие, потенцираше Лепиткова.
Таа истакна и дека со не решавање на проблемот ќе се намали и бројот на туристи кои ќе ги посетуваат овие градови.-Проблемот со отпадот во полошкиот регион години наназад претставува горливо прашање и можам да посочам дека како главни виновници за ваквата состо