Еднаш, многу одамна, позади седум планини, седум мориња, и седум реки си живееа Лепотанот и Лепотицата…. Или не???Да се чувате ако можете да го забележите ветерот во нејзините коси, раѓањето на неговата насмевка, ама во slow-motion… Да се чувате ако можете да се гледате со очи поспани, разбудени со мамурлук. Да се држите за рака и кога сите мостови се рушат… Е тогаш да се чувате кога таа ти подава цигли за да изградиш куќа…
Да се чувате ако скарани одите да закажете у матично… Да се чувате ако на фејсбук лајкувате слики од лепотани и лепотици, а при тоа знаеш дека вечерва ќе ти даде, не ти се исмејуваат другарките дека имаш лезбејски профил… Е тогаш да се чувате… Кога ви е сеедно дали ќе гледате фудбал или серија, кога сте штедливи и се туширате заедно, ја исклучувате греалката бидејќи во прегратка ви е потопло… Да се чувате кога се обидувате да ја решите равенката за одземање, делење и множење…
Кога ви е весело ко waka-waka-eh-eh… Чувајте се лепотани и лепотици ако климате со глава и кога ништо не разбирате…
Да се чувате и ако сте Ромео и Ромео и една Јулија или две Јулии… Е тогаш да се чувате кога се каша попара е направено….
Автор: Е.АДа се чувате ако можете да го забележите ветерот во нејзините коси, раѓањето на неговата насмевка, ама во slow-motion… Да се чувате а