ЛЕСНО И БРЗО: Вкусни брускети на италијански начин

Со малку стар леб, зачини и маслиново масло, ќе добиете вкусен оброк, економичен и секако вкусен! Брускетите се совршени за појадок, вечера или закуска. Ви претставуваме како да ги подготвите на италијански начин.
Потребно е:
Стар француски леб, маслиново масло, кулен, кашкавал, доматен сос, оригано, неколку листвои свеж босилек, лук, сол и бибер по желба.
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180-200 степени. Исечете кришки од лебот во дебелина од 10 сантиметри. Наредете ги кришките на тепсија обложена со хартија за печење. Намачкајте ја секоја кришка со доматен сос, одозгора наросете оригано, ставете кулен и одозгора тенко парче кашкавал. Излупете неколку чешниња лук. Исецкајте ситно и ставете одозгора. Посолете и ставете бибер, а потоа ставете сецкан босилек. Одозгора капнете малку маслиново масло. Печете во рерна 10 минуити и брускетите се готови!
Уживајте!Брускетите се совршени за појадок, вечера или закуска. Ви претставуваме како да ги подготвите на италијански начин.
Потребно е:

Пронајдете не на следниве мрежи: