Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски– Иџе, или познат како „Летечкиот Македонец“, викендов во австриски Рехберг ќе се обиде да продолжи со победите во Европското првенство во ридски патеки во групата Н.По триумфот во француското гратче Сент Жан ду Гард со нов рекорд на патеката, најдобриот македонски спортист за 2014 година сака да постави најдобро време и на патеката, на која ќе вози по трет пат во кариерата, но се јави голем проблем откако на редовниот сервис во Полска е утврдено дека не му работи турбото. Од сервисот го информираа македонскиот ас дека не му работат како што треба и диференцијалите и изразија чудење како успеал во Франција со вакво возило да постави рекорд на патеката.
– Рехберг ми е позната патека и за неа ме врзуваат убави спомени. Лани победив, но оваа година ме чека посериозна трка бидејќи возилото не е подготвено за овој настап. Пред трката бев на сервис во Полска и оттаму ми кажаа дека турбото не е во функција, а тоа значи дека нема да можам да ја искористам машината до максимум. Сепак, мора да се биде оптимист затоа што јас ја бранам титулата и на секоја трка мора да одам на прво место, изјави Стефановски.
На програмата се две трки, а се смета вкупното време од двете возења. Пријавени се 185 возила, од кои 82 за Европскиот шампионат.По триумфот во француското гратче Сент Жан ду Гард со нов рекорд на патеката, најдобриот македонски спортист за 2014 година сака да постави најдобр