Распослан на падините на планините Кораб, Дешат, Шар Планина и Бистра, Националниот парк Маврово е најголемиот национален парк во Македонија. Исполнет со богата флора која вкучува преку 1000 различни видови растенија, од кои 60 се ендемски видови.Животинскиот свет се одликува со значителна разноликост: величествениот златен орел и сив сокол се само некои од прекрасните птици кои може да се најдат низ шумите и планините на Маврово. Мечки, рисови и дивокози се исто така неретка појава низ целиот национален парк. Долж целиот Национален парк Маврово се распространети бројни батеки со целосна маркација кои водат до сите места кои би сакале да ги посетите низ буковата шума која ве маѓепсува со својата миризба и волшебни пејсажи.
Во летниот период, Националниот парк Маврово е одлично место за сите рекреативци. Љубителите на планинарството имаат можност да се искачат на некои од 15-те врвови високи над 2000 метри надморска височина на планината Бистра, чии што патеки почнуваат во близина на Мавровското езеро. Исто така, за љубителите на планискиот велосипедизам стојат на располагање повеќе патеки со различна должина, тежина и степен на употребливост. Сите патеки се целосно обележани и содржат табли со мапи и дополнителни информации. Мавровското езеро и реката Радика се дом на повеќе видови на пастрмки и крапови, примамливи за сите љубители на рекреативниот риболов.
За време на зимата, Маврово привлекува голем број љубители на зимските спортови. Ски центарот „Заре Лазаревски“, кој важи за најдобар во државата, располага со повеќе ски патеки кои се обиколени со високи планини и овозможуваат скијање на надморска височина од 1255 до 1860 метри. Патеките се целосно осветлени и озвучени, со што се одлични и за ноќно скијање.
Маврово е совршен за посета во секое време од годината. Тоа го прави исклучително привлечен. На само час и половина од главниот град, Маврово претставува викенд и одмор дестинација достапна за секого. Надвор од градската бучава и напорното секојдневие, ова место ви нуди прекрасен планински одмор и релаксација за сите членови на семејството.
На падините на планината Бистра, во непосредна близина на скијачките терени, се наоѓа и новоизградениот Станбен Комплекс Маврово, кој нуди потполно опремени станови од 30 до 50 метри квадратни, со почетна цена од 600 евра за метар квадратен, во зависност од неговата лоцираност. Објектот е со одлична енергетска ефикасност, додека пак за неговата изградба се користени најквалитетни материјали и за ентериерот и за екстериерот на комплексот. Обезбедени се доволен број на паркинг места во кругот на комплексот, а пак сите заинтересирани сопственици може да изберат од понудата на станови со поглед или кон Мавровското езеро или кон падините на Бистра и ски-терените. Инвеститор на комплексот е компанијата АД Пелагонија Гостивар, а продажбата се одвива преку агенцијата за недвижнини Фортон, која во соработка со банките нуди одлични можности за финансирање, со што вашето планинско прибежиште е сега сè подостапно.
Животинскиот свет се одликува со значителна разноликост: величествениот златен орел и сив сокол се само некои од прекрасните птици кои мо