По успешната Летна школа – Охрид 2013, ЕВА најавува нова и надградена Летна школа – Охрид 2014.ЛЕТНАТА ШКОЛА ОХРИД 2014 е прва и единствена, едукативна, креативна и забавна летна школа за сите возрасти од ваков тип во Македонија. Таа е несекојдневна можност за тинејџери, студенти и возрасни да се помине необично лето и да се спои едукацијата, креацијата и забавата во едно. Оние коишто ќе се дел од неа имаат можност да изберат еден од пакетите кои нудат различни програми: курсеви по применета уметност, фотографија, шминка, нокти, јазични курсеви, англиски јазик – конверзација, македонски јазик за странци, англиска драма, креативно пишување, сликање, музика, подготовки за меѓународните испити TOEFL и IELTS и семинар за комуникациски вештини, преговарање и решавање конфликти и школа за правилен и здрав начин на живот и energy sport camp.
Секој од пакетите вклучува сместување во хотел „Конгресен центар“ – Охрид, веднаш до езеро и три оброци на ден и активности како нуркање, спортски активности со професионални тренери (фитнес, зумба, спортски игри и водени забавни игри) бродски тури, посета на автентични места и вечерни забави. Во цената на секој пакет вклучени се и наставни материјали и сертификат.
Наставата се одвива дел во природа, дел во конференциските сали на самиот хотел.
После курсевите фотографија и шминка следи изложба на фотографии во Скопје и можност за пракса, а после курсот по англиска драма следи мини претстава каде младите актери ќе имаат можност да се претстават пред публика. Курсистите по шминка во пакетот имаат вклучено работен материјал..
Плаќањето е возможно да се изврши на неколку рати, а последната рата мора да се исплати до крајот на летната школа.
За малолетници е потребно писмено одобрување од родителите.
Групите и програмите се прилагодени на возраста. Програмите може да ги видите на следниот линк: https://www.tc-eva.com/ohrid-summer-school-2014.shtml
За двајца од исто семејство, или истворемено пријавени колеги од факултет или работа следува попуст.
Пријавување најдоцна до 5-ти јули со плаќање на првата рата на трансакциска сметка210-067122310140 – НЛБ Тутунска банка АД Скопје со цел на дознака „За Летна школа Охрид 2014 – пакет бр….“.
За повеќе информации за пакетите и програмите посетете ја нашата страна www.ohridsummerschool.com
За подетални информации и пријавување, контактирајте нè на: 078/ 23 13 23 или 02/3256-262 или на e-mail: [email protected], [email protected] со полно име и презиме и телефон за контакт. Посетете ја нашата интернет страна www.tc-EVA.com.
ЛЕТНАТА ШКОЛА ОХРИД 2014 е прва и единствена, едукативна, креативна и забавна летна школа за сите возрасти од ваков тип во Македонија.&nb