Во Маврово, на падините на прекрасната Бистра, се наоѓа новоизградениот Станбен комплекс Маврово. Со поглед кон Мавровското езеро и зелените предели на планината, комплексот нуди единствени поволности за идните сопственици. На само 150 метри од скијачките терени, се наоѓа прибежиштето од градската бучава, местото за бегање од секојдневието, викенд и одмор дестинација. Погледот кој воодушевува и мирисот на планината кој ги полни градите им овозможува на идните сопственици потполна оаза на релаксација и мир. Комплексот исто така претставува одлично место за љубителите на зимските спортови и планинскиот одмор.Становите се исклучително достапни со почетна цена од 600 евра по метар квадратен и се нудат во повеќе големини: од 30 до 50 метри квадратни, во објект кој е енергетски ефикасен и опремен со висококвалитетни производи од Германски производители. Комплексот располага со 150 апартмани со приватен паркинг достапен за сопствениците на станови и нивните гости, а истите се достапни по принципот „клуч на рака“ и се нудат со поволни можности за плаќање, на рати преку повеќе банки, а овозможени се дополнителни бенефити за плаќање во готово.
Комплексот ќе биде потполно завршен и вселив до декември 2016 година. Комплексот, чиј изведувач е градежната компанија Пелагонија АД Гостивар, претставува инвестициска можност за секое семејство кое сака одмор и релаксација во секое време од годината. Без разлика дали сте љубители на зимските спортови и сакате секојдневно уживање на Мавровските терени, по што ќе се опуштите во вашиот втор дом, или пак сакате да уживате во планинарење, риболов, параглајдерство, јавање во текот на пролетните, летните и есенските месеци, Станбениот комплекс Маврово е совршен избор за вас и вашите најблиски.
Затоа, не чекајте. Направете ја оваа инвестиција уште веднаш и уживајте во мноштвото придобивки од поседувањето на дом во срцето на Мавровската природа.Становите се исклучително достапни со почетна цена од 600 евра по метар квадратен и се нудат во повеќе големини: од 30 до 50 метри квадратни, во об