ЛЕТО Е, ЧУВАЈТЕ СЕ ОД ТРУЕЊЕ: 5 тестови со кои ќе детектирате расипано јајце!

Со јајцата треба секогаш да бидете внимателни, затоа е добро да ги проследите овие совети.Во овие летни денови треба да бидете доста внимателни со конзумацијата на јајца. Токму поради тоа ви пренесуваме неколку совети кои ќе ви помогнат во детектирањето на јајцата.
1. Свежите јајца имаат цврста жолчка и густа и заматена белка, а тоа можете да го процените откако ќе го скршите јајцето.
2. Лушпата на јајцето е всушност неговата амбалажа, а промената на лушпите укажуваат на тоа дека во јајцето дошло до крварење.
3. Добриот стар трик е ставање на јајцето во вода. Ставете го јајцето во тенџере со вода во кое ќе ставите два пати повеќе вода од неговата висина. Доколку јајцето остане цврсто на дното, се работи за свежо јајце, а доколку помалку се подигнува, најдобро е да не го конзумирате.
4. Јајцето земете го во рака и ставете го покрај увото. Полека протресете го и слушајте го звукот кој доаѓа од внатрешноста. Доколку не слушнете никаков звук во раката држите свежо јајце, во спротивно јајцето е старо и не е добро за јадење.
5. Земете јајце и ставете го во бела чинија. Потоа нежно скршете го јајцето во чинијата и обрнете внимание на неговиот изглед.Доколку жолчката стои цврсто издигната, а белката останува околу него се работи за свежо јајце. Доколку пак жолчката е цврста но сепак малку е спласната, а белката е проѕирна и не е разлиена, јајцето е сепак малку постаро. Но, сепак може да се јаде. Доколку пак жолчката е мека, потполно спласната или веднаш се разлева, а белката водеста и потполно разлиена по чинијата, јајцето најверојатно е старо и немојте никако да го подготвувате за јадење.  Во овие летни денови треба да бидете доста внимателни со конзумацијата на јајца. Токму поради тоа ви пренесуваме неколку совети кои ќе ви помогнат

Пронајдете не на следниве мрежи: