Лето е, градот празен…Беше топло, отидов да се истуширам и тогаш…

Работам во една приватна фирма која има неколку продажни места низ Хрватска, задолжена сум за административно-сметководствените работи. Сопственикот кој воедно е и директор, е 10 години постар од мене, јас сум во раните 30-ти. Мажена сум, задоволна со својот брак, имаме и девојче во предшколска возраст.„Изгледам прилично добро, привлекувам погледи, но никогаш не сум размислувала за некој друг. Минатото лето, додека сопругот беше на море со нашето дете, нешто сепак се случи. Останав со директорот нешто подолго; тој е угледен, нормален маж кој е исто во брак. Ме префрли дома, па го повикав на пијалак да продолжиме со разговорот и со дружењето.
 Ништо немав во план; лето е, градот празен. Беше топло, отидов да се истуширам, но дојде и тој. Тој започна, а јас не го одбив. Се прашував зошто го направив тоа, со некој друг не би ми паднало на памет. Дојде до таква ситуација и некако без многу размислувања направив нешто за што мислев дека е невозможно. Немам никакви проблеми во бракот, а не сум ни личност која би направила нешто со што би го загрозила својот брак.

Тоа повеќе не го повторивме, ниту пак разговаравме на таа тема. И се доверив само на својата најдобра пријателка. Сега се прашувам, дали може нешто такво повторно да ми се случи. Ме загрижува тоа што немам одговор. Секако дека сум малку напната со фактот дека нешто кријам од својот сопруг, но за цела среќа не се станува збор за некоја тајна врска.
 Треба ли да се грижам што не чувствувам голема грижа на совест? Гледам на тоа како на пријатно поминати час и половина и ништо повеќе.
Теоретски, знам дека можеби ќе ми се случи со некој друг (иако малку потешко, бидејќи околностите мора да се поклопат).
 Се прашувам што ќе биде за 10 години. Почнува ли тоа така – тие вонбрачни излети?“„Изгледам прилично добро, привлекувам погледи, но никогаш не сум размислувала за некој друг. Минатото лето, додека сопругот беше на море со н

Пронајдете не на следниве мрежи: