Од утре, 20 јуни, во книжарниците на ТРИ во центарот на градот почнува летната промоција на книги и попусти на сите изданија до -70%Издавачкиот центар ТРИ го најавува почетокот на уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, кој и оваа година на читателите ќе им понуди навистина богат и атрактивен избор на книги од сите жанрови, одлични препораки за читање, тематски настани и средби со автори, и се разбира, специјални фестивалски цени на целата книжевна понуда. Фестивалот на ТРИ, како и секогаш, се фокусира на читателите и има за цел да го истакне читањето како вистински начин да се помине (и искористи) летниот период.
Под слоганот „Летото по книгите се памети“, во книжарниците на ТРИ во ГТЦ и Дебар Маало од 20 јуни ќе бидат претставени два одлични новитета – бестселерите „Девојките“ од Ема Клајн и „Трите ќерки на Ева“ од Елиф Шафак, како и голема селекција на препораки по кои ова лето ќе биде запаметено. Секоја фестивалска недела ќе носи нови препораки од различни категории, дополнителни попусти за повеќе наслови, книги на подарок и многу други акции кои тековно ќе бидат споделувани преку Фејсбук-страницата на ТРИ.
Отворањето на Летниот фестивал на книгата ќе се случи во вторник, 20 јуни, од 12 до 14 часот, во Книжарницата ТРИ во Дебар Маало, каде ве очекуваат полни полици, освежувачки пијалаци и диџеј сет кој ќе ви го разубави работниот ден.
Летото по книгите се памети! Затоа, не пропуштајте да ги посетите Книжарниците ТРИ во Дебар Маало и ГТЦ и да ги следите сите летни активности онлајн.Издавачкиот центар ТРИ го најавува почетокот на уште едно издание на Летниот фестивал на книгата, кој и оваа година на читателите ќе им понуди