Ако ги погледнете дневните весници во кои има влијание левицата, односно остатоците на стариот систем, кој Македонија ја држеше во пранги повеќе од 50 години, може да прочитате дека државата пропаѓа, дека немаме идентитет, дека се е црно.
Од друга страна пак има купишта оправданија за кодошите, за луѓето кои уништуваа од завист или по линија на идеолошка различност илјадници човечки судбини. И сето тоа се прави со фанфари. Па да ви кажам право доста ми е од тоа. Неможам да прифатам дека сега кога националниот дух и идентитет се најјаки, кога вешто ја избегнуваме светската и европската криза и тоа подолго време, кога во Македонија се гради, од институции до јасна слика за тоа што сме (ова мора да се направи затоа што комунистите се трудеа да немаме јасна слика кои сме) ни било полошо.
Дозволете дигресија поврзана со погорната заграда. Од 1945 до 1990 па и потоа, што е докажано, бидејќи се појавија досиеја и по 1990 кое се водени од страна на тајните служби а против политичките неистомисленици, е уништувано се што има изразен македонски дух и потенцијал. Со тоа е осакатена нацијата и е направена да е на праг на исчезнување. За да денеска истите тие, главните актери на тоа САКАТЕЊЕ се прават жртви и ни продаваат приказни дека сега се случува тоа што се случувало тогаш.
Е има само еден проблем. Народот гледа и не им верува. Џабе кукаат. Се претвориа во жени и баби. А немаат пак перспектива да се вратат на власт. Власта пак самна по себе не е важна. Таа е категорија која обичните луѓе ја доживуваат со недоверба и одбивност. Сите си мислат дека политичарите се тука за да се изнакрадат. И затоа од првиот ден се на мета на секакви можни тестоти. Какви тестови? Па едноставно ве гледаат дали работите или не, ве гледаат дали тоа што сте го ветиле го спроведувате. Ве чекаат на најмала грешка и ве казнуваат. Посебно ако не го остварувате ветеното.
Затоа власта е комотна иако е мета на оркестрирани и добро платени (однадвор) кампањи за се и сешто. Има една булумента на новинари зомби, кои неможат да живеат комотно сега, затоа што нивната идеолошка мајка не е на власт, за да ги прати да известуваат од Брисел, Њујорк, Париз или пак Токио, за да им даде на нив и на нивните семејства статус на привилегирани и безмалку дипломати, само за да го перат мозокот на популацијата. И таа булумента ќе пукне што иако се напињаат не им пали веќе манипулацијата. Оти како што реков народот гледа и си цени.
И затоа не гласа за СДСМ. Дека се сеќава оти ниедна школска барака со абестни покриви од времето на големиот земјотрес не е заменета со тврда градба. А можно е и тоа како. Само ако се сака. Додека пак сега тоа се прави за добро утро. Истото е со градинките. Истото е со болниците. Истото е со сите објекти, кои државата е должна да ги одржува. Едноставно тоа и го прави.
Дали притоа има грешки? Па секако дека има. Но кој работи и може да греши. Оној пак што не работи и не греши. Ама затоа не се сеќаваме на мост, градинка, школо, административна зграда, споменик кои се изградени пред 2006. И тоа бил добар период?! Барем така си мисли таа булумента и затоа до ден денеска пишува за тој период како за некој си значаен период. Хм…
Не ви верува никој. И престанете да го навредувате македонскиот народ дека е пред пропаст затоа што вие не сте на власт. Смешни сте.