Wi-Fi технологијата официјално останува во минатото. Таа ќе биде заменета од Li-Fi, безжична технологија која користи светлина за пренос на податоци со брзина од 1GB/s.Технологијата веќе се тестира во реална средина во канцеларии во Талин, Естонија и е 100 пати побрза од масовно користена Wi-Fi во моментов.
За прв пат е измислена во 2011 година од Харалд Хас од Универзитетот во Единбург, кој создаде трепкачки светла од единствен LED извор да испорачуваат повеќе информации од мобилната ќелија.
Тогаш во лабораторијата се постигнала брзина на интернетот од 224 GB/s, што е еквивалентно на 18 филмови во секунда, од 1.5 GB за секој.
Технологијата употребува видлив и проѕирен комуникатор кој користи видлива светлина со фреквенција 400-800 ТHz. Светлината трепка исклучително брзо, со што трепкањата не можат да бидат забележани со човечко око.
Предностите на оваа технологија се дека светлината не може да поминува низ тврди предмети како што се ѕидовите, што ја прави многу побезбедна за користење.
Тоа исто така значи дека се намалува и интеракцијата помеѓу уредите. Главниот недостаток е дека еден единствен Li-Fi речиси секогаш нема да биде доволен за подобра покриеност на сигналот.Технологијата веќе се тестира во реална средина во канцеларии во Талин, Естонија и е 100 пати побрза од масовно користена Wi-Fi во моментов.