Лицата со оштетен вид добија над 150 нови аудио книги

Министерот за труд и социјална политика Диме Спасов и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски, денеска промовираа нови 150 наслови на аудио книги од проектот „400 Аудио книги“ наменети за лицата со оштетен вид.На самиот почеток на своето обраќање Спасов потенцира дека соработката со националните сојузи на лицата со инвалидност во изминатиов период вродила со успешно реализирање на низа проекти и иницијативи кои, како што рече, дотогаш воопшто не постоеле, а се од огромно значење токму за лицата со инвалидност.
-Меѓу поважните проекти за слепите лица е проектот „400 Аудио книги“ кој се реализира веќе трета година по ред, а го започнавме како заедничка иницијатива на Министерството за труд и социјална политика и на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија. Денес на наше задоволство ги промовираме новите 150 наслови на аудио книги од едициите на Министерството за култура и Министерството за образование, односно поезија, класици, научни книги, стручни книги, раскази, македонска книжевност и истите набрзо ќе бидат достапни на користење на Националниот сојуз на слепи лица на РМ, на Државното училиште за деца и младинци со оштетен вид, како и на Националната и универзитетска библиотека, рече Спасов.
 
Зголемување на фондот на Аудио книги
Тој посочи дека со овие наслови и оние кои што претходно беа реализирани слепите лица ќе имаат на располагање вкупно 340 наслови на аудио книги на различна тематика достапни за нивната едукација и блискост со пишаниот збор.
-Бидејќи проектот беше општо прифатен и слушајќи ги барањата на слепите лица, пред се на учениците и студентите одлучивме годинава да го зголемиме фондот на аудио книги кои што ќе бидат снимени и понатаму ќе бидат достапни на јавноста. Во тек е постапка која што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика за снимање на нови 400 наслови на аудио книги, која според нашите очекувања ќе започне летото 2016-тата година, а ќе заврши наредната година. За таа цел издвоивме буџет од 4, 5 милиони денари. Во новите наслови од 400 аудио книги застапени се наслови од делата на изданијата „135 тома на македонската книжевност“, на македоснки, албански и турски јазик, дела од странски автори од едициите „Нобеловци“ и „Ѕвезди на Светската книжевност“ во издание на Министерството за култура. Со овој голем исчекор континуирано ќе го зголемуваме фондот на аудио книги во нашата држава, а воедно ќе продолжи и грижата за лицата со оштетен вид, рече Спасов.
Претседателот на Националниот сојуз на слепи лица на Република Македонија Жарко Селковски изрази голема благодарност до Владата и до МТСП за остварените проекти кои, како што рече, се од големо значење за нивните членови и за подобрување и олеснување на секојдневниот живот.
Аудио книгите се од голема вредност за нашите членови и тоа пред се за оние кои што покасно го изгубиле видот и кои што неможат да го користат црниот тисок или не го познаваат брајевото писмо, рече тој.
Новите 150 наслови ќе бидат достапни на веб страната на Националниот сојуз на слепи лица на РМ, во библиотеката во Сојузот и во Нaционалната и универзитетска библиотека „Свети Климент Охридски“.
Инаку годинава Националниот сојуз на слепи лица на РМ слави 70 години од формирањето. По тој повод, како што рече Селковски во тек е една акција наречена „Мојата омилена книга“. Во рамки на оваа акција граѓаните ќе може нивните омилени книги да ги прочитаат и да ги снимаат и на тој начин уште повеќе да се зголеми Фондот на аудио книги во Република Македонија.
На самиот почеток на своето обраќање Спасов потенцира дека соработката со националните сојузи на лицата со инвалидност во изминатиов период вродила

Пронајдете не на следниве мрежи: