Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти. Eдно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“.Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти. Како што дознава Алфа едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дека стои зад аферата со фалсификувани лични карти, која неодамна ја објави неделникот „Фокус“.
Според информациите на Алфа полицијата во текот на вчерашниот ден во координација на ЈО го расчистила случајот кој што го објави Фокус и медиумски го експлоатираше СДСМ. Изворот посочува дека по наредба полицијата извршила претрес во 2 објекти во Скопје каде е откриен погон и внатре се откриени фалсификувани лични карти, пластични обрасци, фолии за пластифицирање, машини за производство на фалсификат лични карти и пасоши. Полицијата при претресот одземала и неколку компјутери на кои имало лични податоци фотографии за изработка на документи како и аудио фајлови како и други податоци важни за натамошната истрага.
Според изворите приведени се неколку лица за кои постои сомнеж дека се вмешани во аферата меѓу осомничените и и лице дел од структурите на СДСМ.
Неофицијано, токму тоа лице било во контакт со новинари блиски до опозицијата кои требале да ги пласираат фабрикациите. Од првичната проверка, осомничениот бил во контакт со лице кое е претходно обвинет во случајот Шпион. Алфа потврда за овој случај побара од надлежниот ЈО и оттаму велат дека во текот на денот ќе излезат со детали.Полицијата го откри погонот за фалсификуваните лични карти. Како што дознава Алфа едно лице дел од структурите на СДСМ е приведено под сомнение дек