Лицемерието на СДС на свој грб најмногу го почувствуваа земјоделците. Тие секојдневно се соочуваат со проблемите за кои новата влада нема абер да ги решава. Дополнително тие со ребалансот на буџетот предвидоа кратење на средства за земјоделците, истакна на денешната прес-конференција Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ, чиј говор во продолжение ви го пренесуваме интегрално.Парите на земјоделците ги кратат, ама затоа предвидуваат пари од ставката земјоделие за финансирање на невладини организации.
Имено во услови кога земјоделците се соочуваат со штети, неисплата на субвенции со слаб род, со проблеми во откупот, СДС предвидува 30 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство да ги пренамени за финансирање на невладиниот сектор. Јавноста уште од сега знае каде и за што ќе завршат овие пари.
Финансирањетио на овие НВО организации ќе биде со цел да ја покриваат лажната и лицемерна политика на владата на СДС и Заев, замајувањето на јавноста и дефокусирање од суштински прашања. Овие невладини организации финансирани со пари на граѓаните треба да ги кријат проблемите на граѓаните. Нивната задача ќе биде да ја фалат работата на владата секогаш кога ќе направат погрешен потег во земјоделието или кога ќе предизвикаат катастрофа како што тоа е во моментот.
Ова е начинот на кој владата на СДС го одбрала за да бега од одговорноста и за да бега од ветувањата дадени на изборите кои се однесуваат на земјоделието.
Дека оваа влада не се грижи за земјоделците видовме и со предложениот ребаланс на буџетот со кој се кратат 100 милиони денари во ставката за рурален развој, кратење на цели 128 милиони денари од буџетот на министерството за земјоделие намeнети за капитални инвестиции, ама затоа се предвидуваат 30 милиони денари за финансирање на невладини организации
Јавноста и земјоделците со право се прашуваат дали со секоја нова катастрофа која ќе ја предизвикуваат во земјоделието ќе расте и оваа ставка за невладини-владини организации кои ќе треба да го угушуваат и покриваат револтот и незадоволството на земјоделците.Парите на земјоделците ги кратат, ама затоа предвидуваат пари од ставката земјоделие за финансирање на невладини организации.
Имено во усло