Лицемерието на Телма и Саки продолжува: Статусот на Јовановски е повик за војна а командант Соколи не направил ништо лошо, само сакал да држи прес

Актерот Владо Јовановски деновиве се најде под канонада напади од опозициските мегафони, поради свој Фејсбук статус, во кој предупреди дека политичката криза која ја предизвика Зоран Заев може да не’ одведе кон војна. Во јавното линчување на Јовановски и обидот за негова дискредитација предничеше опозициската телевизија Телма раководена од Атанас Кировски- Саки.Лицемерието на Телма и Кировски кои продолжуваат да бидат верни слуги на СДСМ и Зоран Заев особено излезе на виделина со последниот атак кон Јовановски за изразен став на социјалните мрежи. И додека од една страна Телма излезе со уреднички коментар за статусот на Јовановски директно напаѓајќи го актерот, телевијата вчера срамно и скандалозно судењето за Диво насеље го пренесе со наслов  „УЧК требала да држи прес, не да војува во Диво Насеље”.
За Телма очигледно статусот на Јовановски е повикување на војна, а терористот кој пукаше врз полицајците и загинаа осуммина македонски бранители не направил ништо лошо, туку сакал само да држи прес во Диво Насеље.  Одработувањето на Телма отиде доттаму што во обидот терористичкиот акт да го препишат како товар на власта, ги прикажува за жртви терористите, кои според Телма наводно сакале само да одржат прес, небитно што со себе имаа десетици тони оружје.

Истата оваа телевизија која сега го линчува Јовановски дека најавувал војна преку Фејсбук статус, а командант Соколи сакал да држи само прес во Диво Насеље, молчеше за говорот на омраза на опозицискиот лидер Зоран Заев искажан токму на нивната телевизија, кога најави украинско сценарио во Македонија. За Телма очигледно најавите на Заев за вакво сценарио не значат и најави војна, но затоа Јовановски за еден Фејсбук статус треба да биде јавно жигосан, нападнат од сите страни и линчуван, а неговите зборови  крајно изманипулирани и извртени

Телма молчеше и кога Едмонд Адеми, кој како член на ЦО на СДСМ повика на леење крв по улиците, кога Гордан Калајџиев  на протестите на „Шарената револуција“ повика дека ако треба и жртви ќе паднеле, за статусите на Бранко Тричковски и статусите на Тито Беличанец полни со некрофилија и повици за убиство…
Сето ова за Телма е неважно и не е за осуда, но затоа Јовановски за еден Фејсбук статус треба да биде оцрнет и дискредитиран само затоа што Кировски добил таква наредба од Бихаќка, исто како што најверојатно добил и наредба со скандалозниот вчерашен наслов за Диво Насеље за минимизирање на терористичкиот акт во кој животот го загубија осуммина македонски полицајци и кој се случи само неколку дена по насилните протести на СДСМ и обидот да се направи државен удар насилно влегувајќи во Владата.
Чилиманов: СДСМ поттикнуваше меѓуетнички тензии и придонесе за нападот во Куманово
Коментирајќи ги нападите врз Јовановски, новинарот Цветин Чилиманов прашува по се што се случи, со кој образ сега СДСМ и опозициските медиуми имаат образ да го напаѓаат Јовановски за дека поттикнувал граѓанска војна.
-Со своите недефинирани и непрецизни понуди во текот на кампањата СДСМ отворија простор за разгорување на национализам кај Албанците и за најави за кантонизација и федерализација на Македонија. Да не зборуваме што претходно, со својата двегодишна кампања за дестабилизација на Македонија, со тврдењата дека имале некакви информации во врска со убиствата кај Смиљковско Езеро (видовме колку имаат за Младенов на пример) СДСМ свесно поттикнуваа меѓуетнички тензии и со сигурност придонесоа за нападот во Куманово, пишува Чилиманов.
Објективно гледано, пишува Чилиманов, се што СДСМ правеше во изминативе две години, во нивниот поход да дојдат на власт поддржани од страна на левичарските влади на неколку странски држави (пред се САД и Италија – влади кои во меѓувреме паднаа), значително ја зголеми опасноста од меѓуетнички конфликт во Македонија.
-И сега, по сето ова, СДСМ и нивните медиуми имаат образ да го обвинат Владо дека поттикнувал граѓанска војна? Море носете се, багро една недоносена…, напиша Чилиманов.Лицемерието на Телма и Кировски кои продолжуваат да бидат верни слуги на СДСМ и Зоран Заев особено излезе на виделина со последниот атак кон Јовано

Пронајдете не на следниве мрежи: