Воздухот во Скопје и понатаму е екстремно. Ова утро високи концентрации на ПМ10 честичките се измерени во Центар, Карпош, Лисиче, Гази Баба и Ректорат. Најголемо загадување, утринава, покажала мерната станица кај Ректорат. Таму се измерени 395 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен.Енормно големо загадување има и во населбата Карпош, каде се измерени 383 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен. Максималната граница, пропишана од Европската Унија за присуство на ПМ10 честички во воздухот е 50 микрограми во период од 24 часа. Загадувањето е многу високо во сите скопски општини.
Најголема концентрација на штетните честички и синоќа беа измерени кај Рекрорат и во Карпош. Препораките се граѓаните да избегнуваат подолги периоди на отворена површина. На мали деца, стари лица и бремени жени им се препорачува воопшто да не излегуваат без посебна потреба.
Според сите мерни станици, во Скопје воздухот е многу загаден повеќе од седум дена.
Лицемерито од СДСМ и нивните НВО излегува на виделина. Оние кои ветуваа чист воздух сега никаде ги нема. Петре Шилегов, Дамјан Манчевски, Павле Богоевски, Златко Марин и Јани Макрадули добија власт, Скопје и Македонија се гушат, а тие молчат затворени во своите кабинети.
Истите оние невладини под контрола на соросовата фондација кои маршираа за чист воздух, сега молчат и никаде ги нема.
Енормно големо загадување има и во населбата Карпош, каде се измерени 383 микрограми ПМ10 честички на еден метар кубен. Максималната граница, пропи