Личности кои кои никој не сака да ги има во својата фирма

Не се само шефовите лоши, такви можат да бидат и вработените. Не секој од нив се носи со задачите кои му се дадени поради својот проблематичен карактер и затоа шефот, човекот чија работа зависи од работата на работникот, не сака долго да ги задржи под свое водство. 1. Збунет
Збунетиот е некомпетентен и никој не може да се потпре на него. Својата неспособност ја покрива користејќи помош од целиот тим. Има некоја научена беспомошност која постојано се појавува кај него и затоа не се срами да побара помош за што било, притоа спречувајќи ги другите да ги изработат своите задачи. Понекогаш другите треба и да ги исправаат неговите грешки. Пасивен е, неорганизиран и не сака да се промени. Нему му е потребен дополнителен тренинг или постојани проверки за да работи подобро.
2. Мрзелив
Тој постојано наоѓа изговори за недовршената работа. Како и збунетиот, и тој постојано ги троши енергијата и ентузијазмот на другите вработени. Мрзливиот е немотивиран, не му е гајле како ќе се заврши работата, троши време на интернет наместо да работи и се труди да добие што е можно повеќе слободни денови. Нему, едноставно, не му се работи. Шефот би требало да се обиде да открие што е причината за неговото однесување, дали можеби залутал во погрешна професија и слично, и да ги искаже своите јасни очекувања од секој што сака подолго време да работи во компанијата.
3. Маченик
Мачениците сакаат да ја завршат целата работа на тимот, да ја истакнат својата жртва и да добијат заслуги за тоа. Можеби сакаат премногу да контролираат, можеби само се трудат да се докажат пред другите, но кој и да е нивниот мотив, факт е дека ја нарушуваат ентузијастичката работна атмосфера. Тие не ги знаат своите граници, се жалат на неработењето на другите и ја поткопуваат нивната самодоверба. Шефот треба да им покаже дека на работа сите соработуваат, а не се натпреваруваат. И малку платен одмор добро би му дошло за враќање во нормала.
4. Дружељубив
Дружењето меѓу колегите е убава работа и нешто кое секој претпоставен го посакува, но не на начинот на кој тоа го прави овој човек. Кога тој доаѓа на работа, првото нешто со кое се зафаќа е долгото пиење на утринското кафе, разговорот со колегите, озборувањата. Наместо да работи, тој времето го троши во дружење. Има несериозен пристап кон работата и често се однесува непрофесионално.
5. Негативец
Можеби клинички не му фали ништо, но неговото однесување е толку деструктивно што може да нанесе многу штета на атмосферата во тимот. Не обрнува внимание на работната етика, се однесува агресивно и заплашувачки со другите, има проблеми со авторитетите над него, ги манипулира колегите и има нарушени односи со нив. Сите сакаат тој да си оди.1. Збунет
Збунетиот е некомпетентен и никој не може да се потпре на него. Својата неспособност ја покрива користејќи помош од целиот тим. И

Пронајдете не на следниве мрежи: