ЗНМ и МИМ молчат за новинарските откази во Телма и со тоа најгласно ги демонстрираат сопственото лицемерие и непрофесионалност. Да беа вистински новинарски и медиумски здруженија и институции како што сакаат да се прикажат ќе се огласеа макар со еден ред во кој ќе покажеа став. По ова ЗНМ и МИМ повеќе не се релевантни да ги коментираат состојбите во медиумите и во новинарската професија, пишува Лидер.12 новинари на телевизијата Телма се прогласени за технолошки вишок, но ова не беше доволна причина за реакција од Здружението на новинарите на Македонија. 12 новинари на Телма, долгогодишни и искусни новинари и уредници се прогласени за технолошки вишок, но ЗНМ молчи.
Здружението кое секогаш е гласно кога треба да се критикува ВМРО-ДПМНЕ или да се коментираат фингираните извештаи на Репортери без граници, да се обвинува власта за притисоци врз новинарската фела, во овој случај демонстрира класични двојни аршини кога е во прашање одбраната на новинарската професија.
ЗНМ не најде доволна причина да реагира за превирањата во Телевизијата, за дрското мешање на една политичка партија (СДСМ) во кадровската политика на Телма, за мешањето во планот за финансиска консолидација на Телма, што сугерира дека ЗНМ не е доследно на принципите за слободно и независно новинарство.
Како што пишува Лидер, молчат и од МИМ, Македонскиот институт за медиуми, кои исто така се многу гласни во други случаи, односно кога топката треба да се префрли во скутот на ВМРО-ДПМНЕ и оваа партија да се обвини за лошите рангирања за слободата на говор во земјава.
ЗНМ молчи, СДСМ зборува!
И додека ЗНМ молчи за случувањата во телевизијата Телма, со свој коментар се јави Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. СДСМ е политичка партија, но тоа не беше пречка да реагира и отворено да се меша во работите на приватна компанија.
„Го повикуваме раководниот тим на Телма телевизија да ја преиспита својата одлука и да ги разгледа сите можности што му стојат на располагање да се донесе соодветно решение кое ќе биде во интерес на новинарите, во согласност со заштитата на нивните законски права и обрски. Решение коешто нема да се одрази на квалитетот на програмските содржини на Телма телевизија, медиум којшто ужува углед помеѓу граѓаните на Република Македонија“ – се вели во соопштението на СДСМ.
Дрскоста на СДСМ да се меша во работењето на Телма беше дочекана на нож од раководниот тим на Телевизијата, пишува Лидер.
„Сметаме дека е невкусно политички партии да се огласуваат со соопштенија за систематизации во приватни медиуми, бидејќи станува збор за непримерно мешање на политиката во бизнисот на приватни компании“ – стои во одговорот од раководството на Телма.
СДСМ сака да зборува за слободни и независни медиуми, ослободени од притисоци и од влијанија врз работењето, но се чини дека сметаат оти ова не важи и за нив.
Македонската медиумска асоцијација го осуди мешањето на СДСМ во внатрешното организирање и работење на Телма.
„ММА смета дека никој нема право да се меша во внатрешното организирање и работење на една приватна компанија, во овој случај телевизија која е наша членка“ – се вели во соопштението на ММА.
МАН: да се преиспита одлуката
За разлика од ЗНМ, својот глас го крена Македонската асоцијација на новинари. Од МАН побараа да се приспита одлуката, бидејќи според асоцијацијата, таа одлука била донесена без однапред посочени критериуми.
„МАН бара телевизија Телма да ја преиспита одлуката, да објави критериуми и потоа да разговара со новинарите. Бидејќи се работи за новинари кои се во телевизија Телма повеќе од 10 години, во случај на отказ треба да се даде неколкумесечен период до отпуштањето или еден вид на апанажа“ – сметаат од МАН.
Од Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници апелираа до менаџментот да ја промени одлуката, бидејќи сметаат дека ќе има негативни последици не само врз имиџот на телевизијата, туку и врз севкупната состојба во медиумската индустрија.
Што се случува во телевизијата Телма?
12 новинари се прогласени за технолошки вишок. Новинарите велат дека им било кажано оти се кратат финансиските трошоци. Синдикатот на Телевизијата се уште е во преговори со менаџентот.
„Добивме согласност дека со новинарите може да се разговора за да бидат посочени аргументите и од едната и од другата страна, беше изразена подготвеност на дел од нив да им се понуди друго работно место или можност да си го дооткупат стажот“ – рече Виолета Зајкова од Синдикатот на Телма.
Од Телма, пак, велат дека се уште работат со загуба и дека се принудени да прават рационализација на трошоците.
„Систематизацијата во Телма се врши согласно сите правни прописи и процедури, и во консултација со независниот синдикат, иако законски менаџментот на телевизијата не е должeн да го консултира синдикатот за систематизација од ваков обем. Било каков политички или идеолошки контекст на систематизацијата во Телма е надвор од здрав памет“ – велат од раководството на Телевизијата.12 новинари на телевизијата Телма се прогласени за технолошки вишок, но ова не беше доволна причина за реакција од Здружението на новинарите на Мак