Лидерот им е Црпнат, а пратениците од СДСМ мислат дека се избрани од Господ

РАБОТЕЊЕТО ЗАМРЗНАТО, АМА НЕ И ПЛАТАТА И ИМУНИТЕТОТ НА ПРАТЕНИЦИТЕ ОД СДСМ 
Бојкотот и недоаѓањето на работа е пракса на опозицијата во последниве неколку години. Пратениците на СДСМ кои лани во септември се вратија во Собранието по 15 месеци бојкот редовно примаа плати од речиси 1.200 евра месечно, и за неработење во тој период инкасираа околу 600.000 евра. На бојкот на законодавниот дом СДСМ се одлучи веднаш по парламентарните избори лани во април, кога лидерот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава резултатите и дека нема да учествуваат во работата на Собранието
Пратениците од редовите на СДСМ пак не си ја извршуваат функцијата за која се избрани, но ги користат сите бенефиции кои следуваат со таа функција.
Зоран Заев го замрзна учеството на опозициските пратеници во Парламентот, но тие и натаму земаат висока пратеничка плата од џебот на македонските граѓани, истите оние кои има ја дале довербата да ги преставуваат. За неработа, освен што земаат пари, социјалдемократите го користат и пратеничкиот имунитет.
Така, пратеничката на СДСМ, Лидија Димова, која и во понеделникот вечерта беше дел од насилните протести на кои се навредуваше и напаѓаше македонската полиција, одлучи во таков момент да си го искористи пратеничкиот имунитет, што е скандалозно, пишува Курир.
Димова од страна на полицијата синоќа била сопрена во близина на Зелениот пазар додека управувала товарно возило. Униформираните полициски службеници констатирале дека Димова сторила два прекршока по Законот за сообраќај и еден прекршок по Законот за јавен ред и мир.
– Ми побараа документи, ја покажав пратеничката легитимација. Ме прашаа дали се повикувам на пратеничкиот имунитет, реков ДА, призна вчера Димова.
За да се заштити од санкции Лидија Димова на помош ги повикала и хулиганите задолжени за насилство на протестите на СДСМ да испровоцираат инциденти и судири со полицијата.
За разлика од Лидија Димова, предводниците на насилната толпа не можеле да се повикаат на никаков имунитет. Така уште еднаш, функционерите на СДСМ се заштитија само самите себеси, а луѓето кои во нивно име дивеат низ улиците ги оставија на цедило.
Бојкотот и недоаѓањето на работа е пракса на опозицијата во последниве неколку години. Пратениците на СДСМ кои лани во септември се вратија во Собранието по 15 месеци бојкот, редовно примаа плати од речиси 1.200 евра месечно, и за неработење во тој период инкасираа околу 600000 евра.
На бојкот на законодавниот дом СДСМ се одлучи веднаш по парламентарните избори лани во април, кога лидерот на партијата Зоран Заев објави дека не ги признава резултатите и дека нема да учествуваат во работата на Собранието.
Пратеничкиот имунитет не штити од сторените прекршоци
Пратеничкиот имунитет во земјата многу пати до сега е злоупотребуван од страна на пратениците во опозицијата. Секогаш кога треба да се заштитат од сторени незаконски дејствија надвор од Собранието, пратениците на СДСМ без никаква правна основа, и без никаков срам се повикуваат на пратеничкиот имунитет, свесно злоупотребувајќи ја својата положба во системот. Со тоа покажуваат елементарно непознавање на парламентарното право, покажуваат колку немаат поим што точно значи, и од што може да ги штити пратеничкиот имунитет. Покажуваат и непочитување кон Уставот на РМ, кон Деловникот на Собранието, но и кон другите закони во земјата, вели професорката по уставно право и политички систем Тања Каракамишева- Јовановска.
Каракамишева- Јовановска смета дека најновиот скандал на пратеничката Лидија Димова ја потврдува тезата колку пратениците од СДСМ намерно ја злоупотребуваат пратеничката функција кога треба да се заштитат од примена на законите во Република Македонија.
Пратеничкиот имунитет во Република Македонија, додава таа, е прецизно дефиниран во Уставот на РМ. Материјалниот имунитет го штити пратеникот од кривична одговорност заради искажано мислење или свој став во Собранието, но и заради гласање во Собранието.
Од друга страна, додава универзитетската професорка, процедуралниот имунитет го штити пратеникот само од притвор.
Пратеничката од СДСМ Лидија Димова злоупотребувањето на пратеничката функција и имунитет го демонстрираше токму во моментите кога таа и сите останати пратеници од СДСМ не доаѓаат на работа, а земаат плата од џебот на граѓаните, реагираа од владејачката ВМРО-ДПМНЕ.
– Ваквото срамно однесување на СДСМ конечно мора да престане. Пратениците од СДСМ мора да престанат да мислат дека тие се избрани од Господ, а не од граѓаните. Крајно време е СДСМ да престане да се однесува како буржоаска класа на која што никој и ништо не и можеизјави пратеникот Димитар Стевананџија.
Извор: Журнал.нет
  
Бојкотот и недоаѓањето на работа е пракса на опозицијата во последниве неколку години. Пратениците на СДСМ кои лани во септември се

Пронајдете не на следниве мрежи: