Лидерот на ДУИ, Али Ахмети попладнево во 18 часот во седиштето на Движењето за реформи на ДПА ќе се сретне со лидерот на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, објави ТВ 24. На средбата најверојатно ќе стане збор за предлогот на СДСМ.ДУИ денеска ги започнува консултациите со другите политички партии од албанскиот блок откако вчера ги добија писмените гаранции кои ги бараа од СДСМ, како услов за коалицирање со цел обезбедување на парламентарно мнозинство. Од СДСМ велат дека до ДУИ не доставиле рок до кога треба да се изјаснат по документот и дека не очекуваат забелешки по него.
Од СДСМ не соопштија што содржат писмени гаранции, но посочија дека со документот се овозможува веднаш да бидат собрани потписите кои ги побара претседателот Ѓорѓе Иванов за да му го врачи мандатот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев за формирање на влада. Од СДСМ истакнаа и дека откако ќе го добијат мандатот јавноста ќе биде запознаена со содржината на документот. Од ДУИ, пак, соопштија дека по добивањето на писмените материјали ќе свикаат средба на Централното претседателство на која ќе одлучат за понатамошни чекори.
– Планираме денеска да имаме средба со ДУИ, на која ќе имаме консултации за да ги разгледаме писмените материјали кои ги доби партијата од СДСМ. Средбата е по барање на ДУИ – велат од Алијансата на Албанците за Радио Слободна Европа.
Од БЕСА пак истакнуваат дека се уште не добиле покана од ДУИ и дека таквата средба треба од нив да биде иницирана.
По средбата се очекува соопшение за јавностаДУИ денеска ги започнува консултациите со другите политички партии од албанскиот блок откако вчера ги добија писмените гаранции кои ги бараа од СДС