Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски заедно со целиот економски тим денеска се сретна со бизнис заедницата со цел да ги слушне нивните предлози кои по разгледувањето може да се најдат во новата Програма на ВМРО-ДПМНЕ за предвремените парламентарни избори.Пред членките на Сојузот на стопански комори, Груевски истакна дека пред секои избори, нивната програма е најсилниот и најзначајниот документ околу кој ја темелат политиката.
– Добиената доверба од граѓаните значи огромна обврска за реализација на ветеното кое мора да се исполни преку беспоштедна посветеност и макотрпна работа. Ние го докажавме тоа. Вие сте ни потребни да ни ги кажете вашите проблеми и да дадете сугестии, а ние сме тука со економскиот тим да понудиме решенија, да ги преточиме во програма и да ги реализираме. Новата програма ќе биде изработена според потребите и барањата на граѓаните, на земјоделците, пензионерите, студентите, младите, барањата на бизнис заедницата, затоа што ние како политичари во нив не броиме гласови, туку гледаме партнер со кој заедно создаваме и градиме, нагласи Груевски.
Тој посочи дека нивната програма се темели на два значајни фундамента – да го направат животот на граѓаните подобар и да овозможат развој на економијата.
– Нашата цел е и на изборите пред нас да излеземе со најсеопфатната и најобемна изборна програма, која ќе содржи многу нови мерки, многу нови проекти кои се одговор на она што вие како стопанственици и бизнисмени сте го побарале и она што им е потребно на граѓаните. Огромен број на вашите барања и потреби ќе бидат земени во предвид и тие ќе бидат преточени во решенија од економскиот тим, напишани во нашата програма, рече Груевски, додавајќи дека им е важно мислењето на секој бизнисмен без разлика на неговата политичка, етничка, идеолошка или полова припадност.
Според него, токму ваквиот отворен пристап со бизнис заедницата довел до раст и позитивни резултати во економијата во изминатиот период.Пред членките на Сојузот на стопански комори, Груевски истакна дека пред секои избори, нивната програма е најсилниот и најзначајниот документ