Македонија треба да се фокусира на она што треба да се направи за да може да го надокнади загубеното време во однос на патот за членство во ЕУ. Пораката од главните градови од ЕУ е многу јасна, а тоа е политичкото влијание во правосудните институции се работи кои не се компатибилни со членството во ЕУ.Ова го нагласи британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, на денешниот форум, пишува МИА.
На кој меѓу другото, тој посочи дека во однос на Западен Балкан, ако се види ситуацијата на Македонија, делумно поврзано со прашањето за името, а помалку со интерните настани, како што рече, Македонија беше предводник на Западен Балкан, сега малку се повлече назад во редот за чекање.
– Ако Македонија треба да стави акцент на она што треба да го направи и тоа го направи, во тој случај ќе може да напредува многу побрзо, порача британскиот државен министер за Европа, Лидингтон, кој се наоѓа во работна посета на Република Македонија.
Меѓународната заедница, истакна тој, не може да ја реши политичката криза за Македонија.
– Тоа може да го направат само политичките лидери во Македонија и македонскиот електорат. Она што ние може да го направиме е да следиме што се случува и да процениме колку е реализиран договорот од Пржино во однос на резултатите. Можеме да реагираме позитивно или негативно, вклучително во однос на НАТО и на ЕУ, зависно од тоа што е на дневен ред. Ние не можеме да управуваме со Македонија како еден вид меѓународен протекторат. Меѓународната заедница ќе направи проценка за напредокот што е постигнат во однос на заложбите преземени со договорот од Пржино, беше дециден Лидингтон.
Тој смета дека се можни кредибилни избори на 5. јуни, кои, оцени, ќе бидат можност за залекување на раните предизвикани од долготрајната политичка криза во државата, која ја задржува земјата во интерграцијата во НАТО и во ЕУ.
– Изборите со кредибилитет се можни на 5.јуни, но за тоа да се случи неопходно е сите да дадат свој придонес односно да ги стават настрана интересите на политичката партија или личните интереси и да работат во насока на реализација на промените за кои сите се согласиле со договорот од Пржино, рече Лидингтон, додавајќи оти има доволно време да се исполнат сите обврски преземени од Пржино.
На прашањето какви се неговите впечатоци по денешните средби со лидерите на политичките партии, Лидингтон информира дека сите лидери истакнале оти се посветени да ги исполнат заложбите кои се преземени и се посветени да ги исполнат до крај ветувањата од Пржино.
Според него, ДИК треба да ги реализира задачите без политичко мешање. Јасно е, рече, дека не секој проблем ќе биде поврзан со изборни измами, дури и во најнапредните демократии водењето и ажурирањето на Избирачкиот список е огромен и тежок предизвик.
Министерот Лидингтон порача дека медиумите имаат многу важна улога кога станува збор за избори со креидибилитет. Важно е, посочи, како медиумите се однесуваат и да овозможат да дадат фер и балансиран приказ на случувањата до гласачите.
Предупреди дека владеењето на правото, како и независноста на судството е почетен елемент за сите дискусии од пристапните преговори за членство во ЕУ и во НАТО.
– Велика Британија останува посветена на давањето поддршка на Македонија во одржувањето на нејзиниот евроатлантски пат, потенцира британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон,
– На состаноците на ЕУ и на Советот за случајот на Македонија постојано говориме дека треба да се придвижи напред. За НАТО постојано Велика Британија е од оние земји кои укажуваат дека на Македонија мора да и се даде поголемо охрабрување, а истовремено се обидуваме да бидеме и скриен пријател на Македонија. Никогаш не сме криеле од нашите пријатели во Скопје дека пристапот во НАТО и ЕУ се условни процеси односно има одредници кои мора да се исполнат. За жал, патот не е толку отворен колку што би сакале, појасни Лидингтон.
Дополнителен проблем со кој Македонија сега се соочува, подвлече тој, е прашањето со името.
– Политичката вистина е дека НАТО спогодбата и спогодбите за ЕУ бараат одлуките за нови членки да бидат донесени со консензус и нема одредба за мнозинско гласање и од тие причини отсуството досега за неуспешно решение за името е важен елемент што ја држи Македонија се уште назад. Сигурен сум дека ова е многу обесхрабувачки за луѓето во Македонија, рече министерот Лидингтон на прашањето дали и како Велика Британија ќе ја поддржи Македонија на престојниот НАТО самит во Варшава.
Тој изрази надеж дека новата Влада која ќе биде избрана во јуни, како што рече, ќе успее да направи чекор напред не само во однос на програмата за внатрешни реформи, туку и во разговорите со Грција за решавањето на прашањето за името.
– Како тоа ќе биде направено не е прашање на Велика Британија да го диктира, но се надевам ќе може да се направат чекори за да се почне со дискусијата во однос на тоа, рече на денешниот форум британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон.Ова го нагласи британскиот државен министер за Европа, Дејвид Лидингтон, на денешниот форум, пишува МИА.
На кој меѓу другото, тој посочи де