Ликвидираниот водач на терористите во Сирија имал поддршка од Турција и Саудиска Арабија

Захран Алуш, лидерот на сириската бунтовничка група Џаиш ал Ислам (Армија на исламот), бил убиен во воздушен удар во предградие на Дамаск.Штабот на фракцијата бил бомбардиран од руски авиони.
Ројтерс прв ја објави веста за неговата смрт.  Ако е точна оваа вест, Алуш, кој наводно е поддржан од Саудиска Арабија и Турција, тогаш ова ќе биде голем удар за опозицијата.
Факт е  дека воздушните напади насочени кон моќното раководство, претставува интелигентен чекор за сириската влада и нејзиниот надворешен поддржувач – Русија, која ги предводеше напорите за набљудување откако беше извршена интервенција во име на „режимот ” на Башар ал Асад во Октомври.
„Вестите допираат до нас, тоа е Божја волја. Се молиме Бог да има милост за него“ – вели еден од изворите на Ројтерс, кој воедно е припадник на Џаиш ал Ислам, еден од најсилните коалиционери на бунтовничката коалиција во Сирија, која во своите редови има борци од Џабат ал Нусра.
Лидерот на Џаиш ал Ислам ја контролираше областа и предградијата околу Дамаск и покрај долгогодишната опсада од страна на режимот на Асад и немилосрдните воздушни напади на окупираните опозициски области.
Неговите претходни обраќања беа секташки и главно насочени кон протерување на шиитите и алавитите од Дамаск.
Асад му припаѓа на малцинството на алавитите, што е номинално дел од шиитскиот ислам, а се сметаат за еретици од страна на сунитите-екстремисти.
Руското воено воздухопловство изврши повеќе од 5000 воени напади откако почна со интервенции и се смета дека токму тие се одговорни за смртта на овој екстремист.Штабот на фракцијата бил бомбардиран од руски авиони.
Ројтерс прв ја објави веста за неговата смрт.  Ако е точна оваа вест, Алуш, кој

Пронајдете не на следниве мрежи: