Лимонот, црниот пипер и морската сол се тројство од кујната кои можат да делуваат како лек. Овие прехрамбени состојки кога ќе се искомбинираат заедно, може да се искористат за следниве седум здравствени состојби:
Олеснување на мачнина во желудникот
Измешајте една лажица свежо исцеден лимонов сок и лажичка пипер во чаша топла вода и полека пијте.
Смирување на воспалено грло
Ослободете се од болката во грло со следната мешавина: една лажица свежо исцеден лимонов сок, половина лажичка црн пипер и една лажичка морска сол, измешани во чаша топла вода. Гаргарете неколку пати дневно за да го смирите воспаленото грло и да ја спречите кашлицата.
Затнат нос
Измешајте иста количина на црн пипер, цимет, ким, семки од кардамом во еден сад, па толчете или сомелете додека да се добие прав. Полека вдишувајте од мирисната мешавина, па ќе се отворат дишните патишта.
Олеснете ја астмата
Во лонец со зовриена вода ставете 10 зрна црн пипер, две каранфилчиња и 15 листови босилек. Оставете да се крчка 15 минути, а потоа процедете ја мешавината во тегла со капак.Додадете две лажици мед и оставете да излади. Оваа мешавина за ослеснување на астмата можете да ја чувате во фрижидер до две седмици. Ако сакате да го ублажите вкусот, пијте ја со млеко.
Запрете го крвавењето од нос
Малку лимонов сок ставете на парче памук и ставете го во ноздрва. Навалете ја главата лесно кон напред за да го спречите течењето на крв во грло. Крвавењето од носот би требало да престане за неколку минути.
Смирување на забоболка
Измешајте лажичка мелен црн пипер и масло од каранфилче, па со мешавината премачкајте го болниот заб. Мешавината ќе ја ублажи непријатната болка.
Забрзете го слабеењето
Во чаша со топла вода измешајте четвртина лажичка сомелен црн пипер, две лажици лимонов сок и една лажица мед, па испијте ја вака приготвената лимонада за да го забрзате метаболизмот и да поттикнете слабеење.
Полифенолите од лимонот го спречуваат дебелеењето и поттикнуваат чувствителност на инсулин кој помага при согорување на мастите.Лимонот, црниот пипер и морската сол се тројство од кујната кои можат да делуваат како лек. Овие прехрамбени состојки кога ќе се искомбинираат заед