Лино Червар: Ракометарите се бореа како лавови

Металург и Мешков Брест синоќа одиграа 27:27 во 8.коло од Лигата на шампионите. Овој резултат го оддалечи нашиот шампион од осминафиналето, но изданието на домашните ракометари доби комплименти од тренерот Лино Червар.- Задоволен сум од моите играчи. Во најголемиот дел од натпреварот бркавме негатива и такво нешто треба да се издржи. Ја сакавме победата, моите ракометари се бореа како лавови и им честитам за тоа. Во еден дел од натпреварот одбраната не ни беше на потреното ниво, имавме грешки, но задоволен сум. Ѝ благодарам на публиката, горд сум на неа што дојде во вака голем број. И во оваа лоша ситуација момците најдоа мотиви и се бореа до крај, а натпреварот заврши како што заврши. Металург и понатаму ќе продолжи да се бори и се надевам дека ќе дојдат подобри денови за овој клуб, рече Червар на прес-конференцијата по натпреварот.
 
Левото крило на Металург Дејан Манасков жали за испуштената победа на неколку секунди пред крајот.
 
– Одигравме еден дуел во кој имавме многу падови и подеми. На крајот успеавме да се вратиме во водство. Нивниот последен удар не успеавме да го задржиме и примивме гол во последните секунди. Би сакал да се заблагодарам на публиката, која и во овие тешки моменти ни даде огромна поддршка, истакна Манасков. – Задоволен сум од моите играчи. Во најголемиот дел од натпреварот бркавме негатива и такво нешто треба да се издржи. Ја сакавме победата, м

Пронајдете не на следниве мрежи: