„Правдата победи, а неправдата е исправена, мислам дека Металург е вистинскиот првак на Македонија. Металург со Стратегот на екипата на Металург, Лино Червар, со мошне интересна изјава веднаш по мечот во Сегедин.„Правдата победи, а неправдата е исправена, мислам дека Металург е вистинскиот првак на Македонија. Металург со 80% домашни играчи, македонски играчи, најдобро може да го промовира името Македонија и културата на македонските граѓани и во Лигата на Шампионите, и во Европа и во светот.“ изјави стратегот на Металург.
„Ние сме прваци поради тоа што сме клуб кој работи во невозможни услови со нашите македонски деца, не само со сениорите, туку и со децата, и тоа каде го работиме… во едно т.н. складиште, во еден подрум, без стакла, ние немаме стакла, имаме дупки во нив, па им ставаме сејлотејп. Ете, така работиме ние, па бевме во осумте најдобри екипи во светот, и не успеаа да не сопрат, им порачувам на сите, битката за името и идентитетот не се води само на политичко поле, истото се води и на спортските полиња, а тоа македонските спортисти инзвонредно го прават… “ беше изјавата на Лино Червар по мечот со Пик Сегед.
Видео: rkmetalurgofficial (Youtube)