После неделниот натпревар помеѓу Металург и Колдинг се одржа редовна пре-конференција на која неколку играчи и тренерите дадоа свои изјави и согледувања за мечот.Арон Кристијансон: “Честитки на Металург за одличната игра, но и за гледачите кои направија извонредна атмосфера во арената. Знаевме дека ќе биде тешко да се игра тука во Скопје. На почетокот имавме многу проблеми со одбраната и Металург тоа го искористи и лесно постигнуваше голови. Во продолжението од натпреварот сепак ја стабилизиравме играта и успеавме да стигнеме до негатива од три гола. За жал лошо го отворивме и второто полувреме, но сега бевме многу лоши во нападот. Станиќ денеска беше фантастичен, а одбраната на Металург одлично ги контролираше нашите бекови. Загубивме со шест гола разлика и сега мора да се фокусираме на реваншот и да се обидеме да ја надополниме негативата”
Торстен Лаен: “Му честитам на Металург за извонредната игра. Сезонава се соочивме со неколку одлични екипи и знаевме да им се спротивставиме, но денеска Металург беше многу подобар од нас. Прв пат сум во Скопје и имав чест да ја почувствувам оваа фантастична атмосфера. Според мене игравме добро во одбраната, но за жал потфрливме во нападот. Во следниве денови ќе мора да работиме да ја поправиме играта во нападот. Ова е само првиот дел од нашиот двобој, се надевам дека во Данска ќе успееме да победиме и да го елиминираме Металург”
Ренато Вугринец: “Знаевме дека ќе биде тежок натпревар, Колдинг е одлична екипа, го освои второто место во групата додека ние имавме многу проблеми со повредите. Со ваква публика, тоа навистина е неверојатно, сум играл во Хамбург и пред 13.000 луѓе и сега на 39 години навистина е уживање да се биде на теренот во Скопје”.
“Имаме шест гола предност, но тоа навистина ништо не значи. Мораме да биде многу претпазливи, прво мораме да се одмориме, пред се психички бидејќи во реваншот прво мораме да бидеме ментално силни. Денеска апетитите пораснаа и тоа може да биде голем проблем. Не смееме да уживаме во еуфоријата, едноставно се мора да почнеме од нула бидејќи ако одиме во следната фаза тоа ќе биде фантастичен успех за Металург”.
Лино Червар: “Им честитам на играчите, тие се најзаслужните за денешната победа. Но, чувствувам потреба дека треба да кажам, благодарам на нашата публика. Мислам дека денеска ги срушивме сите рекорди на посетеност во арената. Покажавме дека имаме најдобра публика, но онаа искрена со многу љубов кон екипата, но и почитување”.
“Ние знаевме дека Колдинг игра извонредно во дефанзивата, но нашата одбрана 6-0 беше извонредна, мислам дека за дваесетина минута Данците успеаа да постигнат само три гола. Едноставно тие не можеа да го видат голот. Тоа значи дека ги победивме со нивното најсилно оружје. Сигурно дека издржавме до крај бидејќи цел месец имаме проблеми со повредите. Во еден момент во финишот на првото полувреме влеговме во криза и тоа противниците го искористија”.
“Победивме со шест гола разлика тоа е една солидна предност Но, многу ќе се излажеме ако мислиме дека во Данска ќе ни биде лесно. Напротив, ќе биде многу тешко и мораме да бидеме свесни. Мораме добро да се подготвиме пред се на психолошки план бидејќи тоа е многу важно. Ако успееме да се пласираме во четврт-финалето тоа ќе ми биде најмилата победа. По се она што се случуваше со повредите тоа ќе биде навистина голем успех”.Арон Кристијансон: “Честитки на Металург за одличната игра, но и за гледачите кои направија извонредна атмосфера во арената. Знаевме дека ќе