Листа на неверојатно богати луѓе кои живеат скромен живот!

Бизнис инсајдер објави листа на екстремно богати луѓе, чија годишна заработка ја надминува бројката на стотина милиони долари, но кои знаат што значи штедење и разумно трошење на своето богатство.Сергеј Брин е ко-основач на Google, кој досега заработил речиси 40 милијарди долари. Тој признава дека води сметка за тоа колку гориво трошат неговите авиони, но и дека се обидува да го ограничи нивната употреба (само за состаноци).

Дејвид Черитон е ко-основачот на мрежата Aristos и еден од првите инвеститори во Google. Неговото богатство се проценува на три милијарди долари. Тој се уште Фолксваген od 1986 година, тврди дека со години го користи истиот мебел и живее во истата куќа повеќе од 30 години. 

Чарли Ерген е директор на Диш Нетворк, чие богатство се проценува на 16,3 милијарди долари. Секој ден на работа носи подготвено јадење од дома, а на патувања дели соба со своите колеги.

Дејвид Карп е основач и директор Tumblr, кој заработил над 200 милиони долари. Неговиот единнствен луксуз е стан во Бруклин од 500 квадратни метри, но на неговото уредување потрошил скромен износ за стандардите на тој кварт. Карп изјавил дека станот му е непотребно голем, па нема доволно книги или облека за да го исполни просторот за таа намена.

Марк Цукерберг е основач на Фејсбук и негов директор, кој заработил 32,4 милијарди долари. Вози автомобили до 30 илјади долари и ретко троши на луксуз и скапа облека.

Тим Кук е наследникот на Стив Џобс. Тој денес е извршен директор на Apple и има заработено повеќе од 400 милиони долари. Вели дека богатството е предизвик кој го менува човекот, а дека тој не е подготвен да биде некој друг само за да ги потроши своите пари.
Сергеј Брин е ко-основач на Google, кој досега заработил речиси 40 милијарди долари. Тој признава дека води сметка за тоа колку го

Пронајдете не на следниве мрежи: