На ден 13.04.2016 година од страна на толпа демонстранти е извршено оштетување на Народната канцеларија на претседателот на РМ и на Министерство за правда. При интервенцијата на полициските службеници, поради постоење на сомнение дека се сторители на кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ предвидено и казниво по член 385 од КЗ на РМ, лишени се од слобода следниве лица:1. Жарко Зечевиќ '75од Скопје,
2. Сибел Амет '93 од Скопје,
3. Исмет Идризи '70 од Скопје,
4. Дамјан Јаневски '80 од Скопје
5. Горјан Атанасов 93 од Скопје,
6. Кристијан Караџовски 94 од Скопје
7. Филип Наковски 86 од Скопје,
8. Марјан Лакс 78 од Скопје,
9. Крсте Ѓонески 81 од Скопје,
10. Никола Аризанов 86 од Скопје,
11. Вангел Милевски 86 од Скопје,
12. Јовановиќ Бранимир 82 од Скопје,
13. Рафајловски Сашо 68 од Скопје.
Против лицата Филип Наковски 86 од Скопје и Никола Аризанов 86 е поднесена кривична пријава и од страна на судија на претходна постапка им е одреден куќен притвор од 8 дена, а против другите 11 задржани лица се поднесени прекршочни пријави по чл.14 и 15 од ЗЈРМ.
За истиот настан како дополнување на кр.пријава со Известување до ОЈО е поднесено против Мариглен Демири роден 1985 година, Битола.
Исто така поднесено е Известување до ОЈО против Борјан Ефтимов 96 од Скопје и од страна на судија на претходна постапка му е одреден куќен притвор од 8 дена.
Во врска со оштетување на Народната канцеларија на претседателот на РМ и на Министерство за правда на 25.04.2016 година со покана се повикани лицата Владимир Куновски 77 и Здравко Савески 76. Истите се изведени пред судија на претходна постапка и им е одредена мерка куќен притвор во траење од 8 дена.
За настанот на 14.04.2016 година на ул.Даме Груев во близина на ТЦЦ Плаза дел од учесниците во протестот почнале да фрлаат тврди предмети (камења и бекатон плочки) према полициските службеници кои извршувале службени задачи – обезбедување на протестот, прио што со телесна повреда се здобиле тројца полициски службеници. За настанот е поднесено Писмено известување до ОЈО за запознавање за настанот кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“по член 385 од КЗ на РМ.
За настанот од 16.04.2016 година за време на одржување на протестот од страна на дел од учесниците фрлајќи балони со боја, јајца и други тврди предмети е извршено оштетување на фасадата на порта „Македонија“. СВР Скопје имале добиено известување дека порта Македонија е објект од посебно културно значење и пријава за кр.дело Оштетување на туѓи предмети по чл.243 ст.2 од КЗ на РМ. Од нивна страна е поднесено Писмено известување до ОЈО за запознавање со настанот. Од лицата учесници во протестот кои вршат оштетување на порта Македонија утврдено е лицето Горјан Тозија '54. Од СВР Скопје пуштена е покана, но е утврдено дека лицето не живее на наведената адреса. По негово обезбедување ќе се поднесе соодветен поднесок до ОЈО Скопје.
Во врска со истиот настан се утврдени две лица од протестите на 16.04.16 од оштетување на порта МК: Гочев Александар 94 и Симона Спировска Костовска 85. Доставена е информацијата до СВР Скопје, од нивна страна е извршена консултација со Обвинител, а по утврдување на изворот на фотографиите ќе се преземат мерки за поднесување соодветен поднесок до ОЈО.
За настаните од 14.04. и 16.04.2016 нема пријава против конкретни лица, а и понатаму продолжуваат активностите за идентификување на идентитет на сторители на наведените кривични дела.1. Жарко Зечевиќ '75од Скопје,
2. Сибел Амет '93 од Скопје,
3. Исмет Идризи '70 од Скопје,