Листа со 8 работи кои ќе ве направат посреќни во текот на денот!

Разубавете си го денот и внесете светлина во истиот со само неколку работи  кои ги предложува Пауло Коељо.1. Заблагодарете се некому
Првото нешто наутро што можете да го направите, е да испратите меил со кој ќе се заблагодарите или ќе пофалите некого. Истражувањата покажуваат дека ова може да донесе светлина во вашиот ден.
2. Трошете пари – на некој друг.
Професор на Харвард, Мајкл Нортон, авторот на Happy Money, зборува повеќе околу ова во следното видео

3. Подарете пет прегратки
Во едно истражување на Државниот институт во Пенсилванија учениците биле поделени на 2 групи. Првата група била задолжена да дава или добива најмалку пет прегратки дневно во текот на 4 недели, додека пак во втората контролна група требало да се набљудува времето кое го минуваат студентите читајќи во текот на 4 недели. На крајот резултатите покажале дека оние од првата група кои пет пати дневно давале и добивале прегратки се далеку по среќни од контролната група.

 

4. Правете го она за кое најмногу ве бидува
Правејќи го она во што сте најдобри ќе ве направи далеку посреќни отколку правејќи нешто за кое помалку ве бидува. Постигнувајќи успех ќе се чувствувате посреќни со месеци.
5. Направете 5 мали убави нешта за другите
Изберете еден ден од неделата и направете листа на кои ќе бидат испишани делата на добрина. Ако сакате да постигнете психолошки бенефит правете ги овие работи свесно и намерно.
6. Испланирајте што ќе направите
Една студија покажа дека кај луѓето кои само мислеле дека ќе го гледаат  нивниот омилен филм ендорфинот им се кренал на 27 проценти. Честопати исчекувањето е најпријатниот момент пред активноста. Доколку не можете да земете денови за одмор моментално, запишете кога ќе го направите тоа во календарот. Кога ќе ви треба поттик за среќа само потсетете се за настанот.

 

7. Поминувајте повеќе време со вашите пријатели
Да имате добар социјален живот претставува еквивалент за среќа. Во психологијата и социологијата постојат докази дека социјалните односи промовираат среќа кај поединецот. Човекот го чини среќен интеракцијата со пријатели , роднини, и соседи.
8. Пред да си легнете, запишете 3 добри работи кои ви се случиле денес
Секоја вечер одвојте 5 минути пред да заспиете. Запишете 3 работи кои биле добри во текот на денот, и зошто сметате дека тоа било така. Можете тоа да го направите на лист хартија или пак во компјутер изборот е ваш. На пример: „Мојата сестра роди здраво машко дете“, „Сопругот ме зеде од работа и ми купи сладолед за десерт“…1. Заблагодарете се некому
Првото нешто наутро што можете да го направите, е да испратите меил со кој ќе се заблагодарите

Пронајдете не на следниве мрежи: