Секојдневните тегоби можете да ги ублажите со вистински избор на чај. Најдобро е да го пиете без било какви додатоци, а ако не можете додадете мед и лимон, но дури кога ќе се олади. Имено, медот и лимонот ги губат своите својства кога ќе ги ставите во вода која врие.Кој чај ќе го одберете? Ние ви носиме неколку препораки, а вие одберете го оној кој најмногу одговара на вашата моментална состојба.
Нане
Освен што има пријатен мирис и вкус, чајот од нане е многу ефикасен при лечење настинки, а помага и при тегоби со варење на храната, бидејќи го смирува желудникот и цревата. Нане – ментол исто така благотворно делува на нервниот систем, па се препорачува за луѓето кои се раздразливи и анксиозни, поради што помага и при главоболки и мачнини.
Зелен чај
Зелениот чај потекнува од Кина, а има силни антиоксидативни својства. Го намалува ризикот од болести на срцето и крвните садови, рак и бројни други хронични заболувања. Зелениот чај го олеснува варењето, а благотворно делува и на кожата. Многумина го сметаат за најздрав чај на светот кој може да спречи појава на многу болести. Освен тоа, содржи кофеин, па се користи и како стимуланс.
Алое вера
Уште во стар Египет ова растение го користеле како лек, а се сметало и како еликсир за долговечност. Индијанците со неа ги лечеле раните, главоболките и артритисот. Има бројни лековити својства, а особено помага при тегоби со варење на храната и желудникот. Се користи и за ублажување на тегоби при артритис, псоријаза и ексцем, како и за јакнење на имунитетот.
Коприва
Чајот од коприва од одамна се користи за лечење воспаленија на мочните патишта и бубрежни болести. Копривата има големи количини калиум, кој е природен диуретик, но и железо, кое помага во создавање црвени крвни зрнца. Чајот од коприва ја прочистува крвта и поттикнува обнова на клетки, а се препорачува како лек за проблематична кожа.
Камилица
Чајот од камилица на нашите простори најчесто се употребува како лек за сите тегоби, бидејќи опушта, добар е за варењето, ја ублажува болката, го намалува осипот, а помага и кај грчеви. Жените често користат камилица за ублажување на менструалните тегоби.Кој чај ќе го одберете? Ние ви носиме неколку препораки, а вие одберете го оној кој најмногу одговара на вашата моментална состојба.



