Американскиот магазин Forbes, ја објави листата на спортисти кои имале најголема заработувачка во 2013 година. Прв на листата е голф играчот, Тајгер Вудс, кој во 2013 година заработил 78 милиони долари.Американецот заработил 13 милиони долари на турнирите, а дури 65 милиони долари инкасирал од разни маркетиншки активности.
Интересно, најдобриот голф играч во светот пред три години поради вонбрачната афера и скандалите што потоа следуваа остана без поголемиот број од спонзорите. Тогаш, тој привремено се повлече, а откако критичарите се смирија, Вудс се врати на терените и продолжи да заработува исто како и пред аферата. Тајгер Вудс е првиот спортист кој заработил преку една милијарда долари.
Втор на листата е тенисерот Роџер Федерер, кој заработил 71,5 милиони долари. Федерер на турнирите заработил 6,5 милиони долари, а 65 милиони долари од реклами.
Третото и четвртото место е резервирано за НБА ѕвездите, Коби Брајант (62 милиони долари) и Леброн Џејмс (60 милиони долари).
Зад нив следуваат играчите во НФЛ, Дру Бриз (51 милиони долари) и Арон Родригез (49 милиони долари). Во Топ 10 уште се наоѓаат голферот Фил Микелсон (48,7 милиони долари), поранешниот фудбалер Дејвид Бекам (47,2 милиони долари) и фудбалските ѕвезди Кристијано Роналдо (44 милиони долари) и Лионел Меси (41 милиони долари).
На листата меѓу најдобрите 100 има само две жени, тенисерките Марија Шарапова и Серена Вилијамс. Шарапова се наоѓа на 22-то место, таа во годината која изминува заработила 29 милиони долари, додека Серена со заработени 20,5 милиони долари се наоѓа на 68-то место.
Инаку, најбрзиот човек на светот Усеин Болт е на 40-то место со заработка од 24,2 милиони долари, додека Фернандо Алонсо е најплатениот пилот во Формула 1. Шпанецот со заработени 30 милиони долари се наоѓа на 19-то место.
Извор: kajgana.comАмериканецот заработил 13 милиони долари на турнирите, а дури 65 милиони долари инкасирал од разни маркетиншки активности.
Интересно, најдо