Напаѓачот на екипата на Барселона, Алексис Санчез, се наоѓа на мета на екипата на англискиот премиерлигаш, Ливерпул, но, Ливерпул ќе има силна конкуренција во тимот на Јувентус.
Санчез оваа сезона во Барселона успеа да постигне само еден погодок во Шпанското првенство, и сака да премине во клуб во кој ќе добива шанса константно.
Дефинитивно Чилеанскиот интернационалец има проблеми во Барселона поради силната конкуренција која владее во тимот, а покрај играчи од врвна и светска класа како што се Лионел Меси и Давид Виља дефинитивно не може да се избори за загарантираниот првотимски статус во тимот.
Тренерот на Ливерпул, Брендон Роџерс, во Санчез гледа одлично и адекватно засилување, а според информациите кои ги пласираат тамошните медиуми, се вели дека чилеанецот немал ништо против за да заигра во Премиер Лигата.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Напаѓачот на екипата на Барселона, Алексис Санчез, се наоѓа на мета на екипата на англискиот премиерлигаш, Ливерпул, н