Љубовен неделен хороскоп 11.04.-17.04.2016

Кој знак ќе има среќа на љубовен план а кој не…Прочитајте во продолжение..Овен
Вашиот партнер или личноста која ви се допаѓа на почетокот на неделата ќе ја види и другата страна на вашата личност и тоа ќе ви иде на вас во полза. Ќе успеете да го воодушевите. Во другата половина од неделата немојте да штедите и купете убав подарок за саканата личност. Вашата способност за комуникација за викендот ќе биде изразена.
Бик
Вашите чувства на почетокот на неделата ќе бидат длабоки и силни. Викнете ја саканта личност и со неа првавете нешто убаво…Среда е одличен ден да зборувате отворено и врската да ја кренете на ново ниво. Во четвток и петок ќе бидете испочнети со силна енергија и ќе бидете во можност да ја покажете најдобрата страна на вашата личност.
Близнаци
Без разлика дали на почетокот на неделата ќе ви биде потребна помош или не, ќе бидете храбри и се што ве мачи ќе решите сами. Дури и ако ја имате поддршката од партнерот вие нема да ја сакате. Тоа е многу добро бидејќи после ова партнерот уште повеќе ќе ве почитува. Во четврток и петок ќе бидете премногу зафатени до таа мера што ќе мора да направите промени во распоредот.
Рак
Во текот на правата половина од неделата ќе бидете во искушение да пробате нешто ново или емотивно да се дистанцирате од партнерот на некое време. Обидете се да не направите некој погрешен чекор. Постојат многу причини за тоа, но постојат и многу повеќе за да бидете среќни. Ако сакате да донесете сепак некоја важна одлука оставете ја за во петок или четврток. Тогаш ќе имате јасна слика за ситуацијата во која се наоѓате.

 
Лав
На патувањетоа на кое треба да одите на почетокот на неделата ќе ви биде поинтересно ако ја земете другата половина. Ако сте слободни голема е веројатноста таму да запознаете интересна личност. Во втората половина од работната недела ќе имате многу обврски а тоа ќе ве одалечи од љубовниот живот. Ќе работите премногу а повеќе време ќе имате за време на викендот.
Девица
На почетокот на неделата ќе бидете преполни со сомнежи па тоа ќе се задржи до среда кога конечно ќе ги добиете посакуваните одговори. Односно конечно ќе соберете храброст да прашате што ве интересира. Со разговор ќе решите се. Другиот дел од неделата ви носи одлична енергија која гарантира низа романтични и волшебни моменти. Ако за викенд мора да работите, работете од дома и повикајте го партнерот да ви се придружи.
Вага
Промените се добри зарем не? Ова продолжете да си го кажувате на себе на почетокот на неделата за да успеете да ја сочувате стабилноста. Ако се сконцентрирани и внимавате на тоа да останете присебни, ситуацијате поволно ќе заврши за вас. Во четврток и петок ситуацијата ќе се стабилизира и ќе може без конфликти да ја завршите неделата.
Скорпија
На почетокот на неделата работите ќе одат во обратна насока кога љубовта е во прашање. Утешете се со тоа дека можеби ова е кратка и минлива фаза. Вашите повици ќе бидат игнорирани и нема да ви биде јасно зошто партнерот така се однесува, повлечено и затворено…Запрашајте се дали можеби партнерот ве тестира? Од четвротк ќе започне сериозен однос во врската која бара сериозни промени. Викендот ќе биде одличен.

 
Стрелец
Вежбајте ја својата креативност и уметничка страна на почетокот на неделата. Емоциите ќе ви бидат изразени повеќе од вообичаено, па не би било лошо да го споите убавото и корисното и да направите некое убаво изненадување за партнерот. Ако сте слободни бидете отворени за нови средби и познанства. Во четврток и петок ве очекуваат чудни околности на љубовен план. Најдобро е да се повлечете и да си ја гледате својата работа.
Јарец
На почетокот на неделата ќе бидете посветени на емотивната страна на животот, затоа што ќе минувате низ нешто многу позначајно отколку што во моментов ви изгледа. Ситуацијата ќе биде многу чудна, но ако сте приземјени многу лесно ќе решите се и ќе знаете како да се поставите и за во иднина. За викенд ќе бидете физички активни…
Водолија
Без оглед на моменталната ситуација во која се наоѓате, вие на почетокот на неделата ќе бидете преплавени со настани кога е љубовта во прашање. Ако сте слободни флертот ќе биде секаде околу вас. Се на се првиот дел од неделата ќе биде многу позитивен особено среда. Поради тоа во петок па и за викендот вашето его ќе биде значајно зголемено.
Риби
Првиот дел од неделата ќе биде обележан со вашето штедење. Вие повеќе ќе сакате да му зготвите на партнерот ручек дома отколку да го однесете во ресторан. Можеби ова е добра особина но можно е партнерот да ве доживее како скржавец. Во четврток и петок вашето интелектуално ниво ќе биде изразено па подгответе му на партнерот изненадување.
 Овен
Вашиот партнер или личн

Пронајдете не на следниве мрежи: