Во текот на емисијата телевизија 21 во која гостуваше Љубе Бошкоски, новинарката донесе заклучок од интервјуто дека и заличува дека Бошкоски зборува со устата на Зоран Заев.Новинарката праша дали е можно партијата на Бошковски може да се приклучи на СДСМ во владината коалиција. Бошковски ова не го негираше, туку потврди дека веќе остварил контакт со Заев и му ги понудил своите партиски капацитети.
–Да сме се сретнале со господинот Заев и ние немаме никаков проблем, нашите кадри и способните луѓе од нашата политичка партија да ги понудиме како кадри кои ќе допринесат за демократизирање на државата– рече Бошковски.
Со оваа своја изјава Бошковски само ја потврди констатација која пред извесно време ја имаше Мане Јаковлески, еден од основачите на ВМРО-ДПМНЕ кој во свој фејсбук пост констатираше дека Љубе Бошковски, Љубчо Георгиевски и Стојанче Ангелов се “политичари на дугме“.
-Овие луѓе покажаа дека се политичари на дугме. Секогаш кога тоа му е потребно на сценаристот, и кога ќе се процени дека тоа им е потребно на инструментот СДС тие се појавуваат. Приметете, тројката политичари на дугме, никаде ги немаше кога се создаваше Тиранската платформа, не кажаа ниту збор за обидите за промена на знамето, грбот, химната, кога се обидуваа да воведат двојазичност, да не прогласат како род и држава за геноцидни. Никаде ги немаше да ја заштитат Македонија, а еве ги сега да расправаат за ВМРО-ДПМНЕ. Луѓето имаат обврски кон некого, и еве сега е времето кога ќе пробаат да ги завршат, и воопшто не сум зачуден туку само изненаден што чекаа толку. Сепак, и покрај нивното подаништво и сервилност, тие не се вистинскиот противник на ВМРО-ДПМНЕ, затоа што одамна тие не се ВМРО, и по својот однос, и начин на дејствување. Тие се само политичари на дугме, испостава, која е гласна, но безопасна. Тоа нема да помине, напиша Јаковлески.
Сите се знаеме, добро ја знаеме и оваа бизнис тројка која е во прегратка на СДС и сценаристот. Можам да кажам, времето ве прегази. ВМРО е голема партија, и многу повеќе од тоа– дополни Јаковлески во својот пост во кој ја реконструираше улогата и дејствувањето на овие тројца политичари.
Mеѓу нив е и Љубе Бошковски кој немаше апсолутно ништо против констатацијата дека зборува со устата на Заев и кој отворено му се нуди за коалиција против ВМРО-ДПМНЕ.
Новинарката праша дали е можно партијата на Бошковски може да се приклучи на СДСМ во владината коалиција. Бошковски ова не го негираше, туку потврд